/ Прочитано:

1.363

Повторно одложено судењето за Зоран Божиновски

Од Судот вчера информираа дека судијката Сандра Крстиќ, кај која беше распределен предметот, од лични и семејни причини побарала да биде прераспределена во друг оддел. Како што велат од Судот, судијката Ленка Давиткова од одделот Кривично полнолетни е префрлена да постапува како судија по предмети по кои досега постапувала судијката Крстиќ со цел да не дојде до одолжување на судските постапки и итното постапување по притворските предмети.

Судница 1 Основен суд Скопје 1

И вториот обид за почеток на судењето за новинарот Зоран Божиновски, кое беше закажано за денес, е неуспешен. Како што информираат од Кривичниот суд, поради отсуство на судијата, судењето ќе биде презакажано.

Исто така, од Судот вчера информираа дека судијката Сандра Крстиќ, кај која беше распределен предметот, од лични и семејни причини побарала да биде прераспределена во друг оддел. Како што велат од Судот, судијката Ленка Давиткова од одделот Кривично полнолетни е префрлена да постапува како судија по предмети по кои досега постапувала судијката Крстиќ со цел да не дојде до одолжување на судските постапки и итното постапување по притворските предмети.

Прераспределувањето на судиите е во рамките на кадровското усогласување на годишниот распоред поради организациски причини за да не се доведе во прашање работата на Судот, велат од Кривичниот суд.

Божиновски беше дел од предметот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена бидејќи тој беше недостапен за органите на прогонот. На минатото рочиште Основниот суд Скопје 1 – Скопје информираше дека не може да ги добие доказите за Божиновски бидејќи предметот „Шпион“ сè уште е во Апелациониот суд. Судијката Крстиќ ги побарала доказите уште во август, но сè уште немаше добиено одговор од Апелациониот суд.

Според обвинителниот акт кој го поднесе Обвинителството за организиран криминал и корупција, Божиновски се товари дека ги сторил кривичните дела: злосторничко здружување, од чл. 394 ст. 2; шпионажа, од чл. 316 ст. 3 в.в. со чл. 45 и уцена, од чл. 259 ст. 2 в.в. ст. 1 в.в. со чл. 19 од Кривичниот законик.

Семејството на Божиновски на социјалните мрежи објави дека тој штрајкува со глад во притворското одделение во затворот „Скопје“. Покрај тоа, семејството најави дека ќе побара и нов адвокат кој ќе го води неговиот случај.

М. С.

Почетокот на судењето за Зоран Божиновски е одложен за крајот на септември