/ Прочитано:

1.133

Повторно отворање на истрагата за авионската несреќа на претседателот Трајковски

Сабота, 21 јули 2012 – На барање на македонските власти повторно ќе биде отворена истрагата за авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски и негови соработници.

Македонскиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, на вчерашната средба со босанскиот министер за комуникации и сообраќај, Дамир Хаџиќ, му доставил на својот колега документ кој содржи нови сознанија во врска со воздухопловната несреќа на Кингерот која се случи на 26.02.2004 година кај Ротмиљ во близина на Мостар.  

„Министерот Хаџиќ истакна дека завршувањето на истрагата е во интерес на Босна и Херцеговина, а со тоа и завршувањето на шпекулациите во врска со причините за несреќата, и дека го прифаќа предлогот за повторно отворање на истрагата“, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Договорено е да се формира заедничка работна група составена од експерти од Република Македонија и Босна и Херцеговина, која до крајот на месец септември треба да изготви извештај.