/ Прочитано:

1.349

Пожарникарството е работа од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес

Пожарникарството е работа чие трајно и непречено извршување го обезбедува Република Македонија и општините и Градот Скопје, односно општините во Градот Скопје во согласност со закон, се пропишува во Законот за пожарникарството.

Со овој закон се уредуваат формирањето, организирањето и дејствувањето на противпожарните единици, доброволните противпожарни здруженија, гаснењето на пожарите, како и условите за производство, ставање во употреба и одржување на уредите, опремата и средствата за гаснење на пожари.

Пожарникарството е работа од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес. Пожарникарството е дел од единствениот систем за заштита и спасување во Републиката.

Заради гаснење на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии, укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации, како и извршување на други работи при несреќи и непогоди, се формираат противпожарни единици.

„Со цел поттикнување на превентивните мерки за заштита од пожари, како редовна, традиционална манифестација се воведува ‘Месец за заштита од пожари’, која се одржува секоја година, во текот на месец мај.

Заради негување на традициите на пожарникарството и одбележување на денот на формирањето на првата противпожарна единица во нашата земја, 20 мај се прогласува за Ден на пожарникарството во Република Македонија и истиот традиционално се одбележува“, се пропишува во законот.

М.В