/ Прочитано:

740

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, вели министерот за финансии

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција. Toj посочи дека економијата е во одлична кондиција, што е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока.

Тевдовски истакна дека со средствата од праведното оданочување се поддржува социјалната реформа – односно обезбедување на фер општество и праведен раст за сите.

„Од неделава започна исплатата на зголемената социјална помош согласно со правата предвидени со новата социјална реформа. Над 25.000 домаќинства добија гарантиран минимален приход, кој е значително повисок за поголемиот дел од нив“ – рече министерот за финансии.

Тевдовски презентираше 7 факти за економските остварувања, по воведување на праведното оданочување. Посочи дека во првото тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица, а невработеноста е сведена на најниско ниво од спроведување на анкетата на работна сила.

Иако пред воведувањето на праведниот данок во јавноста беше изразена загриженост дека праведното оданочување ќе ја намали вработеноста, се случи сосема спротивното, односно само за едно тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17 000 лица.

Во однос на вработеноста кај младите, министерот за финансии рече дека и покрај стравувањата дека ќе се намали бројот на вработените кај младата популација по воведување на прогресивното оданочување, во првото тримесечје од 2019 година има раст на вработеноста кај младите за 6000 лица во споредба со последното тримесечје од 2018 година.

Раст има и кај просечната нето-плата во првите три месеци од 2019 година во споредба со првото тримесечје од 2018 година, и тоа за 3,4%, што е повисоко ниво во однос на седумгодишниот просек, рече Тевдовски. Министерот за финансии истакна дека ова е наспроти тезите што постоеле во јавноста дека воведувањето на праведниот данок ќе влијае врз работодавачите да ги намалат платите на работниците.

„Напротив, во континуитет имаме зголемување на просечната плата. Зголемена е и просечната плата на програмерите во првото тримесечје од 2019 година за 5,5%. Бројот на вработени во дејноста информации и комуникации, исто така, е зголемен за 1 500 лица во споредба со последното тримесечје на 2018 година или за 5 000 во однос на истиот период лани. Кога дебатиравме за воведување на праведното оданочување, имаше стравувања токму од овој сектор дека ќе има намалување на платите и на бројот на вработени, бидејќи овој сектор беше најблиску до границата за прогресивната даночна стапка. Сепак, се случи токму спротивното и имаме позитивни резултати и тука“, образложи  министерот за финансии Тевдовски.

Тој посочи дека од почeтокот на годината имаме добра наплата на данокот на личен доход или за 17,4% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

„Ова е спротивно на одредени тврдења пред воведување на праведното оданочување, дека тоа ќе ја зголеми даночната евазија. Имаме навистина солидни остварувања и во реалниот сектор од почетокот на годинава. Индустриското производство во периодот јануари-април 2019 е повисоко за 7,9% во споредба со истиот период минатата година. Извозот на стоки и услуги во периодот јануари-април 2019 е повисок за 15%, во споредба со истиот период минатата година. Инаку, просечната стапка на раст на извозот во последните 7 години изнесува 9,2%. Ова е спротивно на некои мислења кои претходно постоеја во јавноста дека прогресивното оданочување ќе му наштети на бизнисот“, вели Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека целосниот економски резултат, односно растот на БДП во првото тримесечје изнесува 4,1% и претставува навистина добро остварување, што е спротивно на тврдењата дека праведното оданочување ќе го блокира економскиот раст.

Позитивно мислење за барањето за автентично толкување на членот 115 од Законот за данок на личен доход

Академика го објави и новиот Закон за данокот на личен доход на англиски јазик

УЈП: Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход

Законот за данокот на личен доход објавен на Академика

УЈП ќе добива податоци и за трансакциите преку брз трансфер на пари

Законските измени за пристап на УЈП до банкарски податоци на граѓаните во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките

Во подготовка нови измени на Законот за УЈП, усогласени со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Ќе се прецизираат измените на Законот за банките

Царинската управа со предложените измени на Законот за банките ќе може да блокира банкарски сметки поради царински долг

Законските измени за банките и увидот на УЈП во сметките спорни од аспект на заштитата на личните податоци

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Јавна расправа за Предлог-законот за данокот на личен доход: Ќе се поднесат амандмани за подобрување на Законот

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В