/ Прочитано:

744

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и позначајни промени кај надворешниот долг

Народната банка објави соопштенија за позначајните движења кај каматните стапки на банките и за позначајните промени кај надворешниот долг.

Во месец август, велат од Народната банка,  просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи да се намалува и се сведе на ниво од 5,13%, а  просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 1,38%.

Позначајни промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција во вториот квартал 2019 година:

На крајот на вториот квартал од 2019 година:

– Бруто надворешниот долг изнесува 8.324 милиони евра, или 73,7% од БДП. Во однос на крајот на првото тримесечје оваа година, без трансакциите за управување со девизните резерви, тој е повисок за 117 милиони евра, поради зголемениот приватен долг, во услови на намалување на јавниот надворешен долг.

– Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.652 милиони милиона евра, или 50% од БДП.  На квартална основа, без трансакциите за управување со девизните резерви, тие се повисоки за 98 милиони евра, во услови на зголемување на приватните и јавните побарувања.

– Нето надворешниот долг изнесува 2.672 милиони евра, или 23,7% од БДП и е зголемен за 21 милион евра, или за 0,8%. И натаму долгот на приватниот сектор има доминантно учество во вкупниот нето-долг, со 58%.

– Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.264 милиони евра, што претставува 55,5% од БДП. Зголемувањето за 39 милиони евра во споредба со претходниот квартал се објаснува со зголемените нето-обврски по должнички и сопственички инструменти.

 Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: август 2019 година

Позначајни промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција: втор квартал 2019 година

 М.В