/ Прочитано:

555

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Народната банка ги објави следните редовни статистички соопштенија во врска со  позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: април 2021 година.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи намалување во април 2021 година. Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,58%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен раст и изнесува 0,90%.