Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври. Таа се сведе на ниво од 4,45%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,77%.
Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): трет квартал на 2021 годинa.
Во третото тримесечје на 2021 година, состојбата на вкупните средства на ОФИ изнесува 157.803 милиони денари, што претставува зголемување од 5.215 милиони денари, на квартална основа. Од аспект на структурата на средствата, доминантно учество од 65,1% имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 18,4%.
Најголем дел од средствата на ОФИ се однесуваат на вложувања во должнички хартии од вредност со учество од 49,9%. Потоа следуваат сопственички хартии од вредност со учество од 24,5% и валути и депозити со учество од 11,7%. Најголем дел од обврските на ОФИ им припаѓаат на техничките резерви на осигурување и на капиталните сметки со учество од 55,9% и 35,5%, соодветно.
Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следниот линк:
https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2021/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q3_2021_mk.pdf
М.В