Практична обука за примената на измените на Законот за катастар во корелација со други закони
Петок, 4 септември 2015 – Крупните реформи во катастарот ќе бидат во фокусот на обуката што во организација на АКАДЕМИК ќе се одржи на 25 септември (петок) со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“. Насоките за примена на измените на Законот за катастар на недвижности (Сл.весник бр.116/15) во корелација со други закони ќе бидат образложени од директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и од тимот од Агенцијата за катастар на недвижности. Предавачите исто така ќе ги пренесат искуствата од соработката со професионалните корисници на е кат-шалтерот.
Обуката е наменета за проценители, вештаци, стечајни управници, судови, Јавно обвинителство, Државно правобранителство, министерства и органи на државната управа, трговски друштва и трговци-поединци кои вршат геодетски работи, нотари, извршители, банки, општини, адвокати.
Во првиот првиот блок, што се однесува на лицата кои согласно измените во Законот за катастар на недвижности и другите материјали закони мораат да прибавуваат и доставуваат податоци по електронски пат од АКН, предавачите ќе се осврнат на насоките за исполнување на оваа обврска.
Во вториот блок, пак, ќе се говори за искуствата од соработката со професионалните корисници на е-кат шалтерот, а воедно ќе бидат презентирани и заземените ставови и разрешени дилеми од досегашната соработка со професионалните корисници на е-кат шалтерот.
Во рамки на еднодневната обука, покрај излагањата на предавачите, доволно време е предвидено и за дискусија преку која ќе се разменат искуства и ќе се одговори на прашањата што предизвикуваат дилеми и проблеми во практиката.
Пријавувањето за учество на обуката трае до 23.09.2013 на е пошта: practicum@akademik.com.mk или тел.: 02/3 232-821 и 02/3 237-465.