/ Прочитано:

1.860

Практични обуки за студенти во организација на Академик и за кривичното право

Со цел да се надгради академското знаење на студентите по право, како и за подобрување на нивните практични вештини, Академик, втора година по ред, организира практични обуки за студенти. Покрај обуките посветени на пишувањето правни поднесоци, Академик ќе организира и обуки посветени на теми од кривичното право.

На првата обука од третиот циклус обуки, која ќе се одржи на 12 декември, ќе се говори за темите кои и практично ќе се реализираат:

Претходна постапка“

„Право vs. неправо“

„Постапка за пријавување“

„Предистражна постапка“

„Посебни истражни мерки – практична вежба за пишување барање за определување на ПИМ до судија на претходна постапка“

„Истражна постапка – рокови, распити на сведоци, обвинети, вештачења и докази“

„Мерки на претпазливост (практични примери)“.

На втората обука од третиот циклус обуки, која ќе се одржи на 14 декември, ќе се говори за темите кои и практично ќе се реализираат: 

Поднесување обвинение“

„Обвинение (обвинителен предлог и обвинителен акт)“

„Практична вежба за изготвување на обвинителен акт“ и

„Оценка на обвинителен акт – совет за оцена на обвинителен акт“.

 На третата обука од третиот циклус обуки, која ќе се одржи на 19 декември, ќе се говори за темите што и практично ќе се реализираат:

„Главна расправа“

„Воведен говор на јавниот обвинител и одбраната“

 „Симулација на главна расправа“

„Пресуди – осудителна, ослободителна и одбивателна“ и

„Практична вежба за пишување пресуда“.

На четвртата обука од третиот циклус обуки, која ќе се одржи на 21 декември, ќе се говори за темите кои ќе се реализираат:

„Редовни правни лекови – жалба на пресудата на првостепениот суд и жалба на пресудата на второстепениот суд“ и „Вонредни правни лекови – повторување на кривичната постапка,  барање за заштита на законитоста и барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда“.

Предавач на обуките ќе биде судија Васка Масевска од Основниот суд Скопје 1.

Повеќе детали за обуките може да видите на следниов линк.