/ Прочитано:

523

Прашањето за доверба на Владата на собраниска седница

На денешната собраниска седница на дневен ред е прашањето за доверба на Владата.

Криминалот и корупцијата, немањето правна држава, вледеењето со измами, непрекинатиот раст на инфлацијата, економската криза, енергетскиот шок, како и резултатите од локалните избори се дел од прашањата кои се посочуваат во барањето за гласање на доверба на Владата.

Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, се пропишува во членот 92 од Уставот.

Инак, во врска за постапката за прашањето за доверба на Владата, во собранискиот деловник се пропишува дека по поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес.

Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути.

Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата.

Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути.

Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба.

Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата.

Објавено прашањето за доверба на Владата со известувањето на дел од пратениците-потписници

„Нема правна држава, време е за промени“, се вели во прашањето за доверба на Владата, потпишано од 61 пратеник

Уставните и деловничките одредби за прашањето за доверба на Владата.

М.В