Пратеникот во вршењето на својата функција треба се придржува на основните етички начела
Пратеникот во вршењето на својата функција треба се придржува на основните етички начела, се пропишува во Кодексoт за етичко однесување на пратениците. Со Кодексoт за етичко однесување на пратениците во Собранието се уредуваат основните етички начела, правила и стандарди на однесување на пратениците во Собранието.
Целта на овој кодекс е зачувување и афирмирање на достоинството и угледот на Собранието и на пратениците. Кодексот има за цел и да ја зголеми довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и интегритетот на функцијата пратеник како индивидуа и на Собранието како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија и носител на законодавната власт.
Основни етички начела
Пратеникот во вршењето на својата функција се придржува на основните етички начела, стандардите и правилата на професионално однесување, како што се: објективност, јавност и одговорност, заемно почитување, почитување на угледот на Собранието, како и почитување на интегритетот на други лица.
Објективност
Пратеникот функцијата ја извршува без предрасуди и дискриминација во однос на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, почитувајќи ги слободите и правата на човекот и граѓанинот.
Јавност и одговорност
Пратеникот во своите постапки и делувања се води од јавниот интерес при што, не смее да ја користи својата функција за стекнување на лична корист или корист на блиски лица, ниту да прифаќа услуги, подароци или донации кои би влијаеле на неговите активности и одлучувања во работата во Собранието.
Пратеникот својата функција ја извршува совесно и одговорно и за време на извршувањето на функцијата е отворен кон медиумите за сите прашања, освен ако прашањата од надлежност на Собранието се со доверлив карактер или информации поврзани со неговиот приватен живот или приватниот живот на други лица.
Заемно почитување и почитување на личниот интегритет на другите
Пратеникот е должен при извршувањето на функцијата да се однесува со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец и секогаш да води сметка да не го повреди угледот на другите пратеници и угледот на Собранието.
Пратеникот не смее да ги прекинува говорниците, да дофрлува од место или на кој било друг начин да го нарушува текот на седницата и да користи навреди, фрази, изрази или гестикулации со кои можат да се навредат или омаловажат другите пратеници или носители на јавни функции.
Пратеникот се воздржува од постапки и говори со кои може да предизвика омраза, нетрпеливост и насилство на лична, идеолошка, верска, национална, полова или расна основа.
Пратеникот ги почитува овластувањата на другите избрани и именувани лица, на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието, нема да врши притисок во извршувањето на нивните работни задачи и нема да поттикнува и помага однесување спротивно на Кодексот.
Во делот за правилата за однесување на пратениците се пропишува дека пратеникот треба да води сметка за угледот на Собранието.
Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието, беше истакнато на настанот во организација на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, кој беше посветен на мерките за промовирање на Етичкиот кодекс и подигање на свеста за неговата содржина.
Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието
Пратениците добија етички кодекс
Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ
Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците
М.В