/ Прочитано:

660

Пратеници предлагаат укинување на Законот за пазарџиите

Предлог-законот за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари по скратена постапка, има цел да го укине штетното законско решение за оние што се најзасегнати со Законот за трговија на зелени пазари, односно пазарџиите, велат група пратеници во Предлог-законот поднесен во Собранието.

„Законот за трговија на зелени пазари е донесен во јануари 2018 година, по скратена постапка, и требаше да се применува од почетокот на 2019 година. По бројните притисоци од сите заинтересирани страни, односно пазарџиите и организаторите на пазарите, примената на Законот, на крајот на јануари 2019 година, беше одложена до почетокот на 2020 година. Ваквото решение беше исклучиво за смирување на пазарџиите кои протестираа во пресрет на најавените претседателски избори.

Доколку остане ова законско решение, значи дека пензионерите, стечајците и други категории граѓани не ќе можат веќе да продаваат на зелените пазари во Република Македонија. По повторните реакции на пазарџиите и организаторите на пазари за неприменливоста на вака поставеното законско решение, предлагаме Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка“, посочуваат пратениците во предложеното законско решение, кое може да се преземе на следниот линк.

Законот за трговија на зелените пазари е непотребен, велат од Стопанската комора

Собранието бара од Владата да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари

Ќе се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари

РИЗИК ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ: Групацијата за пазари против Законот за трговија на зелените пазари

Групацијата на пазари бара да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари

Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на седница на Законодавно-правната комисија

Законските измени за пензионирањето на рударите и за осигурувањето на трговците на зелени пазари во собраниска процедура

Трговците на зелени пазари ќе имаат легитимации кои ќе ги издава Комората на трговци

ПРЕДЛОЖЕН ЗАКОН ЗА ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ: „Да се реши работниот статус на лицата кои работат на зелените пазари“

М.В