Пратеници предложија измени на Законот за ДДВ
Група пратеници од опозицијата предложија измени на Законот за ДДВ.
„Со предложеното законско решение ќе се намали данокот на додадена вредност за производите за човечка исхрана и топлинска енергија за греење. Дополнително ќе се продолжи и периодот во кој ДДВ за електрична енергија ќе биде 5% до крајот на 2022 година. Со предвидените измени се очекува да се намали финансискиот товар на граѓаните од порастот на цените поради економската и енергетската криза“, се вели во законското образложение.