/ Прочитано:

844

Пратеници предложија законски измени за пораст на пензииите за 20%

Група пратеници од опозицијата предлагаат измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со предложеното законско решение, се вели во законското образложение, ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија во 2022 година со порастот на сите видови на пензија за 20%. Преку ова форма на усогласување ќе се зачува реалната вредност на пензиите и се заштитува стандардот на пензионерите.

„Секој пензионер има право да живее пристојно, со доволно средства да ги подмири основните трошоци за храна, греење, лекови и т.н. Со растот на минималната плата, соодветно е да растат и пензиите, со цел обезбедување на рамноправност и еднаквост на пензионерите со останатите граѓани. Имаме генерациска должност да се грижиме и да ги почитуваме повозрасните граѓани кои во еден период допринесувале за државата со својот труд, за што треба да им бидеме благодарни. Доколку не постои зголемување на пензиите, пензионерите ќе бидат доведени до раб на сиромаштија поради неможност да ги подмират основните животни трошоци“, се вели во образложението.

М.В