/ Прочитано:

879

Пратеници со резолуција им се извинуваат на граѓаните за повредите на човековите права

Група пратеници во Собранието поднесоа Резолуција за осуда на масовните повреди на човековите права  и извинување на граѓаните.

„Со Резолуцијата за осуда на масовните повреди на човековите права и извинување на граѓаните, Собранието на Република Северна Македонија како највисок претставнички орган укажува на состојбата и проблемите во областа на почитувањето на слободите и правата на граѓанинот и масовните повреди кои се случиле во периодот од независноста на земјата до денот на донесување на оваа Резолуција, и мерките што треба да се преземат од надлежните институции, политичките партии, јавноста, невладиниот сектор и сите останати субјекти поврзани со почитувањето, заштитата и афирмацијата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, при што Собранието апелира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и судовите да ги имаат предвид заложбите на предложената Резолуција.

Со Резолуцијата Собранието ги реафирмира темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија и сите, согласно Уставот ратификувани меѓународни договори од областа на слободата и правата на човекот, како што се Универзалната декларација за човековите права на ОН, Меѓународниот договор за граѓански и политички права, Меѓународниот договор за економски, социјални и културни права, Европската конвенција за заштита на човекови права и основните слободи со протоколите и другите ратификувани договори кои се составен дел на домашниот правен поредок“, се вели во образложението на Резолуцијата.

М.В