Пратениците до 30 јануари треба да поднесат анкетни листови за имотната состојба
Секој пратеник, во согласност со членот 15 од Законот за Собранието на Република Македонија, е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист во кој ќе биде наведен детален попис на недвижниот имот, на подвижните предмети од поголема вредност, на хартии од вредност и побарувања и долгови, како и на друг имот што е во негова сопственост или во сопственост на членовите на неговото семејство. Секој пратеник, исто така, во анкетниот лист е должен да го наведе основот на стекнување на пријавениот имот и должен е да приложи изјава заверена од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.
Новоизбраните пратеници, но и оние на кои им престана мандатот, најдоцна до 30 јануари треба да поднесат анкетен лист и изјава за нивната имотна состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Секој пратеник, во согласност со членот 15 од Законот за Собранието на Република Македонија, е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист во кој ќе биде наведен детален попис на недвижниот имот, на подвижните предмети од поголема вредност, на хартии од вредност и побарувања и долгови, како и на друг имот што е во негова сопственост или во сопственост на членовите на неговото семејство. Секој пратеник, исто така, во анкетниот лист е должен да го наведе основот на стекнување на пријавениот имот и должен е да приложи изјава заверена од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.
Истото важи и за оние пратеници на кои им престанал мандатот. Тие се должни во рок од 30 дена по престанокот на мандатот да поднесат анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Доколку во рок од 30 дена по престанокот на мандатот биде избран или именуван на иста или на друга функција, пратеникот е должен да ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата за новиот избор или именување.
Податоците од анкетните листови на пратениците, во согласност со Законот за Собранието на Република Македонија, претставуваат информации од јавен карактер, освен податоците заштитени со закон, и се објавуваат во согласност со закон.
Член 15
(1) Пратеникот е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.
(2) Пратеникот е должен да пополни анкетен лист во рок од 30 дена по престанокот на мандатот.
(3) Доколку пратеникот во рок од 30 дена по престанокот на мандатот биде избран или именуван на иста или на друга функција е должен да ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата за новиот избор или именување, а анкетниот лист од ставот (2) на овој член ќе се смета за анкетен лист доставен во рокот од ставот (1) на овој член.
(4) Анкетните листови од ставовите (1) и (2) на овој член и изјавата од ставот (1) на овој член пратеникот ги доставува до Државната комисија за спречување на корупцијата и Управата за јавни приходи.
Член 16
Податоците од анкетните листови на пратениците претставуваат информации од јавен карактер освен податоците заштитени со закон и се објавуваат согласно со закон.
А. Б.