/ Прочитано:

1.665

Пратениците ги изгласаа измените на законите за основно и за средно образование-укинато е екстерното тестирање

Со 64 гласа „за“ Собранието на Република Македонија ги донесе измените на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка. Со измените се овозможи укинување на екстерното тестирање кое се спроведуваше од 2013 година. 

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од продолжението на четвртата седница со 64 гласа „за“ ги донесе измените на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка. Со измените се овозможи укинување на екстерното тестирање кое се спроведуваше од 2013 година. 

Ивана Туфекџиќ од СДСМ рече дека укинувањето на екстерното е првата добиена битка во реформите кои допрва следуваат. 

За Стефан Богоев од СДСМ екстерното тестирање е погубен и катастрофален концепт. 

Исто така, донесени се и измените на Изборниот законик со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври и продолжување на мандатите на градоначалниците. 

На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходно денеска Собранието на Република Македонија усвои одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

А. Б.