Пратениците на кои Собранието им го одзеде имунитетот на распит во Кривичниот суд
Пратениците на кои Собранието им го одзеде имунитетот денеска дојдоа во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка, во врска со насилствата во Собранието што се случија на 27 април.
Одлучувајќи по барањето на Кривичниот суд и извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието минатата недела одлучи да ги одобри барањата на Кривичниот суд, поднесени на 28 ноември, и да им го одземе имунитетот на пратениците: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска.
Пратениците ги гони Основното јавно обвинителство за настаните во Собранието што се случија на 27 април 2017 година. Тие се дел од триесет и шестемина осомничени лица кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ги одобри барањата за притвор на пратеници
Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците
ЈОРМ: Триесет и шестмина се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
М.В