/ Прочитано:

2.052

Правата на обезбедување (разлачните права) врз движните ствари во европското приватно право

Автор: Eva – Maria Kieninger Превод: проф. др. Димитар Гелев Објавено: Cambridge University Press, 2004 


Птолеми Сотер и Птолеми Филаделф

Задачата за подетална анализа на сличностите и разликите помеѓу европските правни системи во сферата на обезбедувањето врз движните стари ќе ја реализираме во Делот II од овој труд. Целта на овој краток увод е да се резимираат економските причини зад креирањето на разлачните права, да се даде краток преглед на основните разлики и проблеми креирани за меѓународната, а особено за трговијата во рамките на Европската Унија од ваквите разлики, комбинирано со постојните правила на меѓународното приватно право и да ги скицира претходните напори за хармонизација и унификација, како и основните аргументи што вообичаено се истакнуваат против изводливоста на таквата хармонизација (дел А). Делот Б ќе го појасни специфичниот приод на оваа студија, што не само што се разликува од вообичаениот вид споредбена анализа, туку исто така отстапува – иако во помала мерка – и од другите студии на овој проект.

>> Прочитај го целиот текст.