/ Прочитано:

4.926

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

При пропаѓање на банка, како што тоа се случи со Еуростандард банка, правните лица ги губат веднаш сите пари кои ги имаат на сметки во банката, тековните средства и депозитите.

„Согласно законските одредби во нашата земја, правните лица ниту се обесштетуваат ниту се заштитени, додека во исто време законски се обврзани целиот платен промет да го извршуваат единствено и само преку банка. Едноставно кажано, правните лица ги губат сите пари при стечај на банка. Македонија е единствена и уникатна земја на Европскиот Континент и пошироко, каде што правните лица целосно се оштетуваат со закон при затворање на банка. Каква бизнис-клима се прави со вакво лошо законско решение и како се стимулираат бизнисот и странските инвестиции во нашата земја?

Насоките за поврат на пари при стечај на банка, а кои се добиени по одредени основи, се дефинирани во Директивата 2014/49 за осигурување на депозити на Европскиот парламент и Совет од 16 април 2014 година. Со неа се уредува дека средства на сметки добиени од продажба на недвижност, исплати на надомест за осигурување, инвалидитет или смрт, и по низа други основи, се враќаат до 12 месеци од денот на регистрирање на износите. Во Австрија, на пример, загарантираната сума за обесштетување за физички и правни лица изнесува до 100.000 евра, додека средствата добиени по горните основи се враќаат до најмногу 500.000 евра по депонент.

Во списокот на доверители на Еуростандард банка има околу 2.000 правни лица кои сега имаат побарувања од стечајната маса. Но, голем дел од нив или поточно околу 1.130 фирми, односно 57 отсто имаат и заробени пари на тековни сметки или таканаречени ‘жирални’ пари. Се работи за вкупно околу 5.362.000 евра добиени по разни основи. Има и такви фирми доверители кои добиле уплата на фактури од повисоки суми дури и на самиот ден на затворање на банката и тие средства им се заробени во целост. Очигледно, во други земји таквите средства им се враќаат, делумно или целосно на клиентите од банката и истите не влегуваат во стечајната маса при пропаѓање на банка.

Тоа очигледно не е случај во Македонија. Доколку сакаме да бидеме усогласени со Европската Унија, потребно е да постои и законско решение со кое би требало да се дефинира судбината и заштитата на овие парични средства добиени на тековни сметки по повеќе основи. Министерството за финансии, Народната банка и Фондот за осигурување на депозити имале и имаат задача, меѓу другото, да следат и предлагаат законски измени или подобрувања кои би не направиле подобро и поправично општество и во овој дел, а се разбира и во склад со законската регулатива на Европската Унија. Но, тоа не го направиле и со тоа нѐ довеле во незавидна состојба и ни предизвикале штета, како за физичките така и за правните лица депоненти на лиценцирана и контролирана банка.

Неодамна, Уставниот суд го укина неуставниот член 163 став 3 од Законот за банки. Со тоа, Фондот за осигурување на депозити не е повеќе доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка и законски не може да наплатува од стечајната маса, а воедно го има изгубено и приоритетот за наплата пред сите други доверители во времето кога Фондот беше доверител. Со месеци реагиравме на овој неуставен член, наведувавме и објаснувавме за нееднаквоста и дискриминацијата, посебно за правните лица депоненти кои не се обесштетуваат во стечајната постапка на банка во стечај. И наместо надлежните институции веднаш да покажат интерес за нашите аргументи, тие се обидоа да влијаат на Уставниот суд да донесе негативна одлука. Нивните аргументи беа дека ако се укинел членот, ќе се нарушела стабилноста на финансискиот систем. Или, со други зборови, тие сакаа со неуставна законска одредба да ја бранат стабилноста на финансискиот систем!? Со укинување на неуставната законска одредба, таа нееднаквност веќе ја нема и за правните лица. Но затоа остана прашањето зошто горенаведените државни институции навреме не иницирале промена на законските одредби за да бидеме усогласени и хармонизирани со ваквите одредби во државите од Европската Унија кон која се стремиме да влеземе!? Не само тоа, туку и за да се усогласи законодавството со Уставот. Наместо да го направат сето тоа уште пред неколку години, тие оставија на нас оштетените граѓани и фирми да се бориме против нешто што е неуставно и крајно штетно истото да го докажеме преку прифатена и спроведена иницијатива пред Уставниот суд.

Затоа, очекуваното законско решение, односно измените и дополнувањата на Законот за банки мора да биде во согласност со Одлуката на Уставниот суд. Воедно, таквото законско решение може да важи и за Еуростандард банка, но во тој случај поради повратното дејство, согласно член 52 од Уставот, тоа законско решение мора да биде поповолно за граѓаните од тоа што е сега. Оттука, единствено издржано правно и реално можно решение за сите тековни стечајни постапки на банки е дефинирање на Фондот за осигурување на депозити како доверител за наплата веднаш по физичките и правни лица доверители, односно во втор наплатен ред. Додека за сите идни случаи на стечаи на банки, отсега по во иднина, очекуваме Министерството за финансии да донесе законски одредби кои ќе бидат во корист на граѓаните и фирмите, притоа, преземајќи и поширок опсег на измени и дополнувања и во други релевантни закони“, образложуваат од Здружението „Правда за штедачи“.

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В