/ Прочитано:

4.272

„Правда за штедачи“: Дали криминалот и корупцијата ќе останат да бидат двигател и во стечајната постапка на Еуростандард банка

„И после една и пол година, не само што нема никаква одговорност и не се казнува сторениот масовен организиран грабеж на личните парични средства на физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, туку истиот продолжува да се случува и во стечајната постапка на банката. Овој пат, во него се вмешани државни органи. Тоа се прави преку евидентна злоупотреба на јавните овластувања и службената положба на Државниот правобранител Гостивар и Основниот граѓански суд Гостивар. Постојат јасни, недвосмислени докази дека овие две државни институции ги штитат интересите на фирмата Прагматика ДООЕЛ Гостивар која три и пол години должи околу 380 илјади евра во Еуростандард банка, а која е во сопственост на близок член од најтесното семејство на аналитичарот Алберт Муслиу. Тој пак е заложен должник за долгот на фирмата Прагматика додека неговата фирма Теута-рам ДОО Гостивар должи околу 400 илјади евра во Еуростандард банка. Сакаат да приграбат недвижен имот во сопственост на Еуростандард банка во стечај, но не сакаат да си ги платат долговите.

На барање на Прагматика, Државното правобранителство Гостивар отвора постапка со која приватизацијата на државно земјиште во корист на Еуростандард банка, нешто што самата држава го дозволила пред повеќе од 10 години, сега го оценува како спорно. И со тоа се обидува да ја спречи продажбата на тој ист имот каде оваа приватна фирма сака да гради објект. Основниот граѓански суд Гостивар го усвоил предлогот на Државното правобранителство Гостивар и определил да се стави прибелешка во Агенцијата за катастар на недвижности во Гостивар. Со тоа одредил и забрана за отуѓување, продажба или давање под закуп на целокупниот недвижен имот и воедно поставил привремена мерка до завршување на управна постапка за ништовност на решение за приватизација, за која постапка, всушност, нема доказ дека воопшто се води односно нема барање од Државното правобранителство за отворање на таква постапка ниту решение дека е усвоено барањето.

Дали целокупниот процес на дејствување на овие два државни органи има примеси на коруптивни и криминални дејствија останува да се изјасни судот по поднесената жалба како и поднесената претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата.

И тука има низа основи за ваквите дејствија. Еве некои од нив.

·         Прво, Основниот граѓански суд Гостивар нема месна надлежност да одлучува бидејќи според законите во оваа држава, месната надлежност припаѓа на Основниот граѓански Суд Скопје којшто ја спроведува стечајната постапка на Еуростандард банка.

·         Второ, Основниот граѓански суд Гостивар одлучувал молскавично, вон рочиште, односно не и дал можност на Еуростандард банка во стечај да се изјасни за наводите и барањата на Државното правобранителство, што е спротивно на закон.

·         Трето, се тврди дека се води управна постапка за ништовност на решението за приватизација на земјиштето од 2011 година и дека истата е во процес, а таква постапка во реалност не постои ниту пак има поднесено барање за водење на истата. Воедно, се повикува на спречување на настанување на штета и употреба на сила. А во реалност, нема никаква штета ниту употреба на некаква сила. Продажбата на имотот е веќе завршена по пат на електронска аукција. Притоа, не само што немаше употреба на сила, туку помина сосема мирно и регуларно, со купувач кој учествуваше на аукцијата и кој во меѓувреме ја плати и цената што беше утврдена на истата, а која е повисока од проценетата вредност на имотот. Оттука, не е јасно за каква употреба на сила се работи, кој ќе ја употреби силата и кога.

Со изрекување на привремената мерка се предизвикува штета на стечајната маса на банката и на сите доверители кои очекуваат намирување на своите побарувања преку водење на стечајната постапка. Наведените државни органи се повикуваат на заштита на интересите на државата, а всушност, во основа, работат за заштита и форсирање на приватни интереси затскриени преку фирмата Прагматика која покажува претензии кон недвижниот имот за остварување на нејзини лични интереси и цели.

Имајќи ја во предвид генезата на овој случај, донесеното решение за привремена мерка на Основниот граѓански суд Гостивар само по себе претставува правен преседан, ретко виден или можен во правна држава и функционален правосуден систем. Ова решение треба и мора да биде под опсервација на домашните судски инстанци, а не само на повисокиот Апелационен суд Гостивар по повод поднесената жалба. Особено што ова е класичен пример каде под плаштот на заштита на државните интереси се прави обид за реализација на приватни цели на правни и физички лица.

Затоа, јавно ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата итно да го истражи случајот со цел да се спречи обидот за криминал и висока корупција уште во самиот зачеток. Јавно го повикуваме и Судскиот совет да ја испита стручноста и совесноста на судијата Илјаз Исмаили од Основниот граѓански суд Гостивар што го донел Решението за привремена мерка ВПП2-74/21 од 23.12.2021 година, но исто така да се позанимаваат и со работата на Шоип Фидани, Државниот правобранител за подрачјето на Гостивар.

Убедени во целосната незаконитост при постапувањето на Државниот правобранител за подрачјето на Гостивар и судијата на Основниот граѓански суд Гостивар, како и во незаконитоста на донесеното Решение за привремена мерка, го повикуваме Апелациониот суд Гостивар веднаш да се произнесе по поднесената жалба од Еуростандард банка во стечај, со цел да се спречи настанување на дополнителна штета и грабеж на веќе оштетените и ограбени депоненти, сега доверители во стечајната постапка“, стои во соопштението на Здружението „Правда за штедачи“.

„Правда за штедачи“: Дали Судскиот совет ќе постапи по барањето за утврдување на одговорност на судиите

„Правда за штедачи“: Судскиот совет треба будно да го следи предметот

„Правда за штедачи“: Тоа што го констатирал и укинал Уставниот суд, некој треба да го спроведе на дело

Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет

Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В