„Правда за штедачи“: Дали Судскиот совет ќе постапи по барањето за утврдување на одговорност на судиите
„Голготата на оштетените физички и правни лица доверители во ограбената Еуростандард банка продолжува. Овој пат сме соочени со повторен можен грабеж на нашите лични парични средства собрани во стечајната постапка на банката од страна на судската власт. Судиите во Апелациониот суд Скопје, кои работеле на предметот по жалбата на група доверители на Еуростандард банка против Решението на Основниот граѓански суд Скопје 2СТ.бр.123/20 од 27.08.2021 година, со Решение ТСЖ-1554/21 од 23.09.2021 година, не само што експресно ја одбиле жалбата само за еден ден, туку тоа го сториле без да навлезат во суштината на предметот. Тие постапиле несовесно и нестручно при одлучувањето по овој предмет, поради што депонентите, физички и правни лица, како доверители во стечајната постапка за Еуростандард банка, можат да претрпат ненадоместлива штета преку уште една голема неправда.
Јавно упатуваме апел до Судскиот совет, да ПОСТАПИ по поднесеното дополнување на барање за утврдување на одговорност на судиите по донесеното Решение ТСЖ-1554/21 од 23.09.2021 година и воедно бараме МОНИТОРИНГ на стечајниот предмет 2 СТ.бр.123/20 на Основниот Граѓански Суд Скопје, особено по однос на Барањето на група доверители поднесено преку Полномошник до Основниот Граѓански Суд Скопје на 13.10.2021 како и по Дополнувањето на барањето поднесено во Суд на 15.10.2021 година.
Доколку Советот на судии совесно и стручно го проучил предметот, тој ќе беше вратен на Основниот граѓански суд Скопје на повторно одлучување поради најмалку две процедурални причини. Терминот „посебна (sui generis) законска суброгација” е непознат во законската норматива во нашата држава и повикувањето на овој термин е недоволно јасно и недоволно образложено, па Основниот граѓански суд Скопје требал да објасни која е таа одредба по која е донесена Одлуката и во кој закон таа одредба е содржана. Бидејќи судиите судат врз основа на Устав и Закон. И доколку во судската одлука не е утврдено врз основа по кој член и по кој закон е донесена, истата е нејасна и неразбирлива, и тоа ја прави НЕЗАКОНИТА.
И второ, уште поважно, Основниот граѓански суд Скопје не ја спроведува Одлуката на Уставниот суд донесена на 25 мај оваа година. Судот не ги запрел правосилните акти од извршување односно шемата на утврдени побарувања на доверители во делот на Фондот за осигурување на депозити согласно правното мислење на Врховен суд од 7 октомври 2019 година и член 80 од Деловникот на Уставниот суд, кој гласи:
“Извршувањето на правосилните поединечни акти донесени врз основа на закон, пропис или друг општ акт што со одлука на судот е укинат не може да се дозволи, ниту да се спроведе, а ако извршувањето е започнато, ќе се запре”.
Повеќе од 3.000 семејства не можат да дојдат до правдата за нивните украдени парични средства кои сега можат да ги наплатат од стечајната маса. После 14 месеци молк на сите институции и на државниот апарат во целина за ограбената Еуростандард банка, време е да се донесе правична одлука во корист на граѓаните и фирмите кои се ограбени поради нефункционирањето на системот. Време е Судскиот совет да го истражи предметот и да делува. Одговорност мора да има и законите мора да се почитуваат. На потег е Судскиот совет!“, се вели во соопштението на Здружението.
„Правда за штедачи“: Судскиот совет треба будно да го следи предметот
Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“
„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет
Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“
„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата
Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд
Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија
„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки
Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу
Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд
Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките
Здружение „Правда за штедачи“: Се надеваме дека Уставниот суд ќе одржи седница во рокот за предметот
Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките
Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките
Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити
Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд
Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд
Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка
ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“
Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра
Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка
ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки
Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“
Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“
ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени
Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај
Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В