/ Прочитано:

7.212

Правда за штeдачи: Правично и законито решение за доверителите на Еуростандард банка

„Според податоците на доверителите од Еуростандард банка во стечај, во постапката за распределба на средства од стечајната маса, Фондот за осигурување на депозити треба да биде со исплатен ред после доверителите физички и правни лица. Вака одлучил Одборот на доверители на седница кон крајот на минатата година, по што стечајниот управник изготвил план за авансна распределба, односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на Еуростандард банка. Доверителите, физички и правни лица, се со очекување стечајниот судија да го потврди планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители и да донесе решение, со што, конечно, ќе започне исплатата на доверителите на пропаднатата банка.

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка смета дека вака утврдениот исплатен ред на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка на банката е правично и издржано решение, во согласност со законот и со начелата на праведно и законско регулирање на побарувањата на доверителите од стечајната маса.

Притоа, особено треба да се има во предвид дека со укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година,  Фондот го изгуби статусот на доверител и исплатниот ред во стечајната постапка според Закон за банки. Со тоа, за статусот на Фондот како доверител во стечајната постапка и новиот исплатен ред на Фондот, Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје одлучија дека тие треба да се определат  врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација и да се земе во предвид при утврдувањето на планот за авансна распределба на доверителите. Согласно ваквите одлуки на судовите е определен исплатниот ред во планот за аванска распределба изгласан од Одборот на доверители. При што се земени во предвид аспектите на кои ова здружение и во досегашните обраќања кон јавноста укажуваше, особено дека решението што ќе произлезе мора да биде правично и на задоволство на сите засегнати страни. Имајќи во предвид дека Фондот за осигурување на депозити е основан со цел да се зајакне сигурноста на депонентите кои своите парични средства ги чуваат во банките, како и нивната верба во банкарскиот сектор, цениме дека ваквата одлука е во интерес и на Фондот. Тоа е така бидејќи Фондот, исто како и депонентите, со усвоениот план за авансна распределба добива значителен износ на средства од стечајната маса на банката.

Затоа, со усвоеното решение, нема место за незадоволство, особено ако се има во предвид дека Фондот за осигурување на депозити има специфична поставеност во банкарскиот систем. Тој наплаќал и сеуште наплаќа премии од банките за да изврши обештетување на депонентите во случај на ризичен настан односно пропаѓање на банка. Во таа смисла, не може да се стави знак на равенство меѓу позицијата на Фондот и депонентите – физички и правни лица, со оглед дека Фондот е во позиција, преку премијата што банките ја плаќаат од депозитите, и понатаму да биде финансиран од депонентите. Додека средствата на останатите доверители, физички и правни лица, се заробени во стечајната маса на Еуростандард банка и постои опасност од нивно трајно губење, без можност за надополнување.

Затоа, врз основа на примената на законската суброгација, која самиот суд ја утврди како основ за одредување на статусот на доверител на Фондот во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме потврда на планот за авансна распредлба, којшто е направен врз основа на користење на истиот тој принцип, преку законска суброгација, согласно  Законот за облигациони односи. Односно, доверителите, физички и правни лица, се во очекување судот да го прифати и со решение спроведе планот за авансна распределба на паричните средства од стечајната маса на Еуростандард банка.

Со тоа, ќе се заврши агонијата на доверителите на Еуростандард банка, физички и правни лица, и истите ќе ги добијат во целост нивните лични парични средства заробени во насобраната стечајна маса на банката. Во исто време, Фондот за осигурување на депозити ќе врати значителен дел од своето побарување, со можност за целосна наплата на истото во периодот кога ќе остане речиси единствен доверител по исплатата на физичките и правните лица. Тоа е единственото правично решение со кое се решава проблемот на преку 3.000 доверители, граѓани и фирми, кои се оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка, не по нивна вина. Но, во исто време, со ваквото решение се води сметка за јавниот интерес преку обештетување на значителен дел од побарувањето на Фондот за осигурување на депозити. Повторуваме, тоа е единствено правично и законито решение, на задоволство на сите доверители“, се наведува во соопштението на Здружението.

Некои специфичности на стечајната постапка за Еуростандард банка

Правда за штедачи: Зошто нашето законодавство за стечај на банка ги оштетува депонентите правни и физички лица?

Правда за штедачи: Фондот за осигурување на депозити да подготви законски измени кои ќе ги штитат граѓаните

„Правда за штедачи“: Дали криминалот и корупцијата ќе останат да бидат двигател и во стечајната постапка на Еуростандард банка

„Правда за штедачи“: Дали Судскиот совет ќе постапи по барањето за утврдување на одговорност на судиите

„Правда за штедачи“: Судскиот совет треба будно да го следи предметот

„Правда за штедачи“: Тоа што го констатирал и укинал Уставниот суд, некој треба да го спроведе на дело

Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет

Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В