/ Прочитано:

2.004

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Здружението на оштетени физички и правни лица „Правда за штедачи”, по завршување на „судската ферија”, потсетува дека треба да продолжи стечајната постапка за Еуростандард банка. И дека Одлуката на Уставниот суд од 25 мај 2021 година, со која е укинат член 163 став 3 од Законот за банки, треба да биде имплементирана од страна, пред се на Основниот граѓански суд Скопје, потоа и од сите други органи кои ја водат стечајната постапка.

Имплементацијата, всушност е суштинското и клучното прашање кое треба да се расчисти и да се дефинира во понатамошниот тек на стечајната постапка. Здружението, врз основа на многубројни консултации со компетентни лица од оваа област, проучување на законите од домашното и споредбеното право, и по речиси три месеци од Одлуката на Уставниот суд, останува на мислење дека Фондот за осигурување на депозити не само што со укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки го губи приоритетот за наплата по основ на исплата на осигурени депозити на физички лица до 30.000 евра, туку тој го губи и статусот на доверител во понатамошниот тек на стечајната постапка по овој основ. Тоа значи дека Основниот граѓански суд Скопје, во понатамошниот тек на стечајната постапка, треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител по основ на исплатени осигурени депозити на физички лица во висина до 30.000 евра.

Имено, Основниот граѓански суд Скопје веќе одлучил дека побарувањето на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплата на осигурените депозити на физички лица до 30.000 евра е утврдено врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки. Тоа може да се види од Пријавата на побарување што во стечајната постапка ја поднел Фондот каде е наведено дека пријавата е поднесена врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки, како и врз основа на Решението на судот од 06.11.2020 година каде ваквата пријава е прифатена и побарувањето на Фондот, токму по овој основ, е утврдено.

Дополнително, Основниот граѓански суд Скопје во истото Решение одбил приговор на друг доверител кој го оспорувал статусот на Фондот како доверител со образложение дека ова право е утврдено врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки. Значи, самиот Основен граѓански суд Скопје веќе ја утврдил фактичката состојба од која произлегува дека правото на Фондот за осигурување на депозити да биде доверител во стечајната постапка произлегува од член 163 став 3 од Законот за банки. Ваквите судски одлуки, во понатамошниот тек на постапката го обврзуваат судот, што значи дека вака утврдената фактичка состојба мора да биде појдовна основа за решавање на статусот Фондот во понатамошниот тек на постапката.

Согласно вака утврдената фактичка состојба, Одлуката на Уставниот суд со која е укинат член 163 став 3 од Законот за банки создава формално-правни претпоставки за целосно ревидирање на статусот на Фондот за осигурување на депозити во понатамошниот тек на стечајната постапка. Имено, поради одлуката на Уставниот суд, член 163 став 3 од Законот за банки повеќе не е дел од правниот поредок, и Основниот граѓански суд Скопје има обврска ваквата состојба да ја усогласи при понатамошното водење на стечајната постапка. Тоа значи дека ќе настанат промени во делот на утврдените побарувања бидејќи за делот на побарувањата по основ на исплатени осигурени депозити на физички лица до 30.000 евра Фондот за осигурување на депозити нема да има основ да биде доверител во стечајната постапка бидејќи основот (член 163 став 3 од Законот за банки) отпаднал. Во тој дел, сите поединечни акти донесени врз основа на укинатиот член 163 став 3 од Законот за банки треба да бидат запрени од понатамошно извршување. Како што е погоре нагласено, основен акт донесен од Основниот граѓански суд Скопје врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки е Решението со кое на Фондот за осигурување на депозити му е утврден статус на доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка за износите исплатени на депонентите – физички лица до 30.000 евра.

Со оглед дека оваа правна ситуација веројатно е нова во историјатот на водење на стечајни постапки за банка, за отстранување на било какви дилеми во врска со овој став, Здружението се повикува на споредба на домашното право и правото во земјите од регинот и земјите на Европската Унија.

Така, освен во укинатиот член 163 став 3 од Законот за банки, во ниту еден друг позитивен закон од домашното законодавство не е предвидено дека Фондот за осигурување на депозити е доверител во стечајната постапка за исплатените износи на депонентите физички лица до 30.000 евра. По укинување на член 163 став 3 од Законот за банки, тоа создава ситуација на непостоење на правна врска меѓу износот исплатен на депонентите – физички лица до 30.000 евра и Фондот за осигурување на депозити од една страна, и Еуростандард банка како стечаен должник, од друга страна.

Со тоа, Фондот за осигурување на депозити, во понатамошниот тек на стечајната постапка, нема правен основ да ги побарува овие средства од стечајната маса, или со други зборови, нема активна легитимација понатаму да учествува во стечајната маса како доверител во однос на овие средства.

За разлика од домашното право, споредбеното право во регионот и Европската унија на сосема јасен начин го решава ова прашање. Во споредбеното право (за разлика од кај нас), не само во Законот за банки, туку во повеќе други закони експлицитно е утврдено правото на Фондот како доверител за осигурената сума што ја исплаќа на депонентите – физички и правни лица, во случај на стечај на банка. Веројатно согледувајќи ја ваквата ситуација, ова прашање најави дека како правна празнина ќе го регулира Владата преку предлог на Закон кој требаше да го подготви Министерството за финансии во рок од 15 дена откако беше укинат член 163 став 3 од Законот за банки. Но, веројатно по анализа на сложеноста на ова прашање, од овој рок Владата се откажа, бидејќи се работи за потреба од коренита поширока реформа, што подразбира измени и дополнувања на повеќе закони, не само од палијативна интервенција во еден закон.

Напоменуваме дека споредбеното право, како и уставната поставеност на домашниот правен поредок, вклучително и карактерот на прашањето кое се третира, не познава и не дозволува стекнување на статус на доверител во стечајна постапка да се утврдува врз основа на подзаконски акт (статут, правилник или друг подзаконски акт). Тоа едноставно, не само што не постои никаде како решение, особено не во правото на замјите од Европската Унија, туку тоа претсатвува и сериозна правна небулоза.  Затоа, имајќи го во предвид карактерот на стечајната постапка и поставеноста на домашното позитивно законодавство во овој момент, како и искуствата од споредбеното право, Здружението смета дека создадени се сите формално-правни и фактички претпоставки за спроведување на Одлуката на Уставниот суд од страна на Основниот граѓански суд Скопје. Истовремено, Здружението повторува дека спроведувањето на оваа одлука ќе значи запирање на сите поединечни акти донесени од органите на стечајната постапка со кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка во однос на исплатените осигурени депозити на физички лица до 30.000 евра.

Ова подразбира дека стечајната постапка за Еуростандард банка треба да продолжи паралелно со решавање на прашањето за понатамошниот статус на Фондот за осигурување на депозити, но она што во таква ситуација е битно за оштетените депоненти е дека, во стечајната маса на банката има доволно средства сите да бидат обештетени и никој да не остане оштетен. Оштетен нема да биде ниту Фондот за осигурување на депозити, бидејќи тој средствата што ги исплатил ги наплаќа како премија од банките и штедилниците, додека депонентите физички и правни лица ќе ги наплатат сопствените заробени средства во стечајната маса на Еуростандард банка. Затоа, повторуваме, правните последици од одлуката на Уставниот Суд значат дека никој нема да претрпи штета, и дека без буџетски средства, без средства од јавните приходи на граѓаните, ќе се реши ова прашање на задоволство на сите.

Секако, и на задоволство на оштетените, бидејќи тие, едноставно, ќе ги вратат сопствените средства кои сега им се заробени во стечајната маса на банката. Се разбира, само доколку доследно се применат законите. Доколку повторно дојде до импровизација, тоа не само што ќе предизвика незадоволство кај оштетените, околу 3.000 семејства, туку и ќе потврди дека овде не владее правната држава. Последиците, во таков случај, можат да бидат штетни за сите, не само за засегнатите од случајот со Еуростандард банка“, се наведува во соопштението на Здружението.

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В