Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу
Токму обичниот граѓанин преку оваа одлука добива најмногу, иако банките преку изјавите на нивните добро платени експерти се обидуваат да ја манипулираат јавноста преку закани, односно дека преку покачување на каматните стапки истиот тој граѓанин ќе ја плати сметката на крај, се вели во соопштените на Здружението „Правда за штедачи“
„Банките со моменталната поставеност на работите и законите успеваат и во услови на пандемија да бележат неретко и рекордни профити, иако останатите компании и граѓани бележат загуби. Зарем некој од нив би посакал промена на оваа поставеност на работите!?
Друг неминовен факт е дека според поставеноста на законите при пропаѓање на банка сметката секогаш на крај ја плаќаат токму граѓаните, но и фирмите кои се обврзани да работат преку банкарски сметки. Зарем некој од нив би посакал ова поставеност на работите да се промени!?
Трет факт е дека со досегашната поставеност на Законот за банки, пред донесување на одлуката на Уставниот суд, банките плаќаа мали премии на Фондот за осигурување на депозити поради тоа што во случај на пропаѓање на банка истиот тој фонд ќе обесштети дел од коминтентите на банката, додека своите побарувања подоцна ќе ги наплати во стечајната постапка со приоритет пред останатите доверители и со тоа премијата нема да се промени. Зарем некој од нив би посакал промена на оваа поставеност на работите!?
Токму горенаведените факти се главната причина зошто наеднаш се појавуваат експерти кои досега мудро молчеа, надевајќи се на инертноста на системот за носење одлуки за промена. А токму таа инертност, како и серијата неповолни закони и одлуки во законскиот систем во целина, придонесе моментално да имаме ситуација во која одлуката на Уставниот суд со која се одбранија основните човекови права поминува непоздравена и неискоментирана од многуте невладини организации за човекови права чија главна цел треба да им биде токму тоа што уставните судии го направија сега.
Истата таа одлука помина и без реакции кај опозициските политички партии, чија основна причина за постоење е да го бранат интересот на граѓаните.
Дали оваа летаргија и потиштеност е предзнак дека обичниот граѓанин полека, но сигурно се предава во борбата за правдина и за своите човекови права кои му се загарантирани со Устав?
Дали е можно да се третира како јавен интерес профитот на банките и целосната подреденост на граѓаните и правните лица на банкарскиот систем? Се прашуваме дали затоа со толкава итност се форсира измена и дополнување на Законот за банки, со алузија дека со него треба да се заштити јавниот интерес. Што заштитува тогаш Народната банка?
Едно е сигурно, ние како здружение ќе продолжиме интензивно да се бориме за правата на своите членови – физички и правни лица, но и на сите граѓани учесници во овој банкарски систем“, се истакнува во соопштението на !Правда за штедачи“.
Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд
Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките
Здружение „Правда за штедачи“: Се надеваме дека Уставниот суд ќе одржи седница во рокот за предметот
Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките
Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките
Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити
Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд
Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд
Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка
ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“
Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра
Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка
ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки
Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“
Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“
ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени
Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај
Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В