/ Прочитано:

2.943

„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет

„Здружението на оштетени штедачи ПРАВДА ЗА ШТЕДАЧИ на 01.10.2021 година одржа прес конференција пред Апелациониот Суд на која сподели со јавноста загриженоста дека и покрај големата битка за правда, постои сериозна можност преку стечајната постапка на Еуростандард банка, депонентите физички и правни лица чии депозити се заробено во стечајната маса на банката, да доживеат уште една голема неправда. Овојпат, поради неспроведување на Одлукатата на Уставниот Суд од 25.05.2021 година со која беше укинат членот 163 став 3 од Законот за банки, и тоа токму во стечајната постапка што се води за Еуростандард банка. На таа прес конференција оштетените штедачи ги повикаа сите релевантни органи во државата кои во изминатиов период постојано наведуваат дека судството во континуитет се реформира, или дека е реформирано, будно да го следат овој случај. Следењето на овој случај е потребно бидејќи тој може да се претвори во пример за неуспех на реформите и показател дека преку судот не може да се дојде до правда и правичност и дека во судот не владее правото и не постои правната држава.

И токму тоа се случи. Апелациониот Суд Скопје потврди дека преку судот тешко може да се дојде до правда и дека во судот не владее правото и не постои правната држава. Но, преку овој случај, судиите во Апелациониот Суд Скопје, кои работеле на предметот, потврдија и нешто друго, дека немаат ниту грам образ и морален кредибилитет.
Многу граѓани имаат долгогодишни судски спорови, роковите за водење на постапките речиси во континуитет не се почитуваат од страна на судовите, некои од судските одлуки се чекаат со години, вклучително и од Апелациониот Суд Скопје. Сето тоа на сметка на граѓаните, кои на таков начин се ставаат во неповолна положба, преку долгогодишна правна несигурност, до плаќање на големи законски камати поради судската неажурност.
Но, судиите во Апелациониот Суд Скопје кои работеле на предметот по жалбата на група доверители на Еуростандард банка против Решение на Основниот Граќански Суд Скопје од 27.08.2021 година во тој дел биле беспрекорно брзи. И за пофалба. Ретко некој да може да поверува дека жалбата поднесена до Основниот Граѓански Суд Скопје на 16.09.2021 година, дополнета на 20.09.2021 година, доставена во архивата на Апелациониот Суд Скопје на 22.09.2021 година, веќе на 23.09.2021 година била решена. И одбиена како неоснована, се разбира. Внимавајте, предметот во архивата на Апелациониот Суд бил доставен на 22.09.2021 година за на 23.09.2021 година веќе да е постапувано и донесено решение по него. Советот кој постапувал по жалбата во состав Мери Дика Георгиевска претседател, м-р Наташа Савовска Димитровска и Петранка Ташева членови на советот, се за секоја пофалба во однос на ажурноста, па веројатно и кандидати за Гинисова книга на рекорди во однос на брзото постапување кај вака обемен предмет. Особено тоа важи за судијата-известител, која според нашите информации била м-р Наташа Савовска Димитровска. Човек да се запраша дали е потребно, можеби, членовите да се унапредат на највисоките функции во судтсвото за да бидат главни носители на реформите, барем кога е во прашање ажурноста на судовите.
Но, пред унапредувањето, има неколку прашања кои логично се поставуваат, и кои јавно ги повикуваме релевантни органи во државата, особено Судскиот Совет, да ги проверат:
1.Дали судијата-известител м-р Наташа Савовска Димитровска и другите предмети кои ги работи ги закажува за одлучување и ги реферира за еден ден?
2.Дали советот во целина, во состав Мери Дика Георгиевска претседател, м-р Наташа Савовска Димитровска и Петранка Ташева членови на советот, другите предмети ги одлучува за еден ден? Поточно, дали има друг пример на предмет одлучен од овој совет за еден ден?
3.Ја повикуваме судијата известител м-р Наташа Савовска Димитровска и судиите Мери Дика Георгиевска и Петранка Ташева да образложат кога успеаја да го проучат овој обемен предмет составен од илјадници документи и докази и колку време, на секој судија поединечно, му требаше за проучување?
4.Зошто беше потребно по предметот да се постапува веднаш, веќе наредниот ден по приемот во архивата на судот?
За основаноста на образложението изнесено во Решението на Апелациониот Суд Скопје нема да коментираме, бидејќи судските одлуки нели, не се коментираат. Но затоа, ќе прашаме, зарем може да се очекува некакво издржано образложение за одлука донесена за еден ден по предмет кој има илјадници документи и докази? Затоа, во овој дел нема да ги прашаме судиите ниту за “посебна (sui generis) законска суброгација”, ниту за „статутарна суброгација”, ниту за тоа во кој закон се тие содржани, ниту за спроведување на Одлука на Уставен Суд во стечајна постапка, ниту за значењето на законски или подзаконски акти како и за правата и обврските што тие ги создаваат. Впрочем, за овие прашања не ги прашуваме судиите кои постапувале по предметот бидејќи тие, веројатно, воопшто не ги разгледале, ниту размислиле за нив. Наша претпоставка е дека тие донесеното Решение го добиле готово, така како што го изгласале, без да мислат многу и да прават анализа на предметот. И затоа овој предмет може да се претвори во пример за неуспех на реформите и показател дека преку судот не може да се дојде до правда и правичност и дека во судот не владее правото и не постои правната држава. Но, и потврда дека судот ништо не одлучува, туку дека добива готови решенија од некое друго место. Независно кое место е тоа, судството со оваа одлука покажува дека не само што нема независност, туку нема ниту срам, ниту перде. Напротив, кога е во прашање кршење на правата на граѓаните, судот нема лице, туку ѓон. Затоа, на крајот ќе потсетиме дека суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, и дека народот е тој што ќе им суди и на судиите кои погрешно судат.
Но, сакајќи докрај да останеме доследни во борбата за правна држава, пред да се повикаме на народот, јавно го повикуваме Судскиот Совет да отвори предмет во однос на стручноста и совесноста при постапувањето на судиите во Апелациониот Суд Скопје Мери Дика Георгиевска претседател, м-р Наташа Савовска Димитровска и Петранка Ташева членови на советот, по предметот ТСЖ-1554/21 оформен по жалба против Решението СТ-123/20 од 27.08.2021 година на Основниот Граѓански Суд Скопје“, соопштуваат од Здружението.

Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В