/ Прочитано:

7.974

„Правда за штедачи“: Судот на јавноста

„Деновиве оштетените штедачи од Еуростандард банка се во очекување на одлуката на Основниот граѓански суд Скопје по приговорот на Фондот за осигурување на депозити против планот за авансна распределба на средствата од стечајната маса. Потсетуваме дека со планот за авансна распрдеделба предвидено е оштетените депонентифизички и правни лица, да бидат обештетени пред Фондот за осигурување на депозити. Во таква ситуација, со оглед на паричната маса која треба да се распредели, депонентите целосно ќе бидат обештетени, додека Фондот ќе добие дел од своето побарување. Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка веќе изрази поддршка за ваквиот план и за ваквиот развој на ситуацијата во стечајната постапка. Со планот не се согласува Фондот за осигурување на депозити кој вложил приговор до Основниот граѓански суд Скопје.

Во изминативе неколку дена на увид на јавноста беа соопштени резултатите од финансиското работење на банките во 2021 година. Судејќи според јавно достапните информации, трите најголеми банки, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје направиле рекордни, историски профити минатата 2021 година. Заедно, овие три банки реализирале над 125 милиони евра профит. Овој податок значајно е да се знае во контекст на стечајната постапка за Еуростандард банка и одлуката што треба да ја донесе Основниот граѓански суд Скопје. Имено, се работи за почитување на принципот на праведност, правичност, законитост и заштита на јавниот интерес. Околу правниот основ на донесениот план за авансна распределба на средствата веќе пишувавме, но би сакале да повториме само дека ако Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје направија се само Фондот за осигурување на депозити да не го загуби статусот на доверител преку примена на Законот за облигациони односи во стечајната постапка, тогаш според истиот принцип треба да биде применет Законот за облигациони односи и при утврдувањето на исплатниот ред на доверителите при авансната распределба на средствата од стечајната маса. Затоа што доколку заштитата на јавниот интерес налагаше Фондот за осигурување на депозити да остане доверител во стечајната постапка, сега заштитата на јавниот интерес налага депонентите, физички и правни лица, да бидат обештетени пред Фондот. Еве ги аргументите за тоа.

Во банките и штедилниците имало вкупно 7,6 милијарди евра депозити од граѓаните и фирмите на крајот од минатата 2021 година. Ако Фондот за осигурување на депозити ја почитуваше максималната законската стапка од 0,70 отсто за наплата на осигурување на депозити и тоа го направеше на целата депозитна маса во македонските банки, како што тоа се прави во сите земји од Европската унија,  годишно ќе наплатуваше 53,2 милиони евра од банките во вид на премија за осигурување на депозити. Наместо тоа, Фондот наплатил вкупно 12,4 милиони евра во 2021 година, или околу 40,8 милиони евра помалку за само една година.

Тоа е така затоа што Управниот одбор на Фондот одлучил, од сожалување кон банките, таа премија да биде 0,25 отсто наместо 0,70 отсто годишно, што е речиси три пати пониска стапка. За да биде појасно за јавноста, Фондот средствата што ги исплатил на депонентите – физички лица и сега ги побарува од стечајната маса на банката, ги надополнува од годишната премија што банките ја плаќаат како обврска по закон. Средствата на оштетените депоненти можат да се надоместат само од стечајната маса на банката. Затоа, депонентите во споредба со Фондот, во старт се во нерамноправна и нееднаква положба, бидејќи нивните средства можат да бидат исплатени само преку стечајната маса на банката без можност за надополнување на било кој друг начин. Додека, Фондот преку годишната премија, годишно ги надополнува исплатените средства од банките и штедилниците, но и покрај тоа, побарува средства од стечајната маса на банката. Доколку Фондот за осигурување на депозити се претставува како институција која треба да работи во заштита на јавниот интерес, се поставува прашање што е тука јавен интерес?

Фондот за осигурување на депозити очигледно работи во интерес на зголемување на профитот на банките, место во интерес на граѓаните – депоненти во македонските банки. Последен аргумент од кој тоа може да се утврди е фактот што место да се финансира од банките, тој инсистира да се финаснсира од парите на 3.000 оштетени депоненти, физички и правни лица од Еуростандард банка. Од тука, пологично е Фондот да се карактеризира како заштитник на банкарскиот, место на јавниот интерес. Бидејќи ако според Уставот суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, тогаш она што е во интерес на граѓаните би требало да претставува јавен интерес. Интересот на банките е приватен, и тој никако не може да се подведе под јавен.

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка го изнесува сето наведено за да може јавноста да цени и јасно да разграничи кој се бори за јавниот интерес, но и кој го штити банкарскиот интерес и приватниот профит. Ако за една година, Фондот за осигурување на депозити може на банките да им прости 40,8 милиони евра, зошто тогаш преку стечајната маса на Еуростандард банка од депонентите, физички и правни лица, се обидува да грабне 36 милиони евра нивни заробени лични парични средства во стечајната маса на банката? Дали е тоа јавен интерес? Дали тоа е правилно, правично и законито? Ова прашање, го оставаме на судот на јавноста.

Од оној, граѓанскиот суд кој ќе одлучува за планот за авансна распределба, очекуваме да ја потврди заштитата на јавниот интерес, наспроти банкарскиот профит (приватниот интерес). Имено, како што Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје направија се само Фондот за осигурување на депозити да не го загуби статусот на доверител (наводно поради заштита на јавниот интерес) преку примена на Законот за облигациони односи во стечајната постапка во делот на законска суброгација, тогаш, според истиот принцип треба да биде применет Законот за облигациони односи и при утврдувањето на испланиот ред на доверителите (Фондот) во авансната распределба на средствата од стечајната маса, преку примена на институтот суброгација во делот на осигурувањето. Бидејќи Фондот, според законот, и според дејноста регистрирана во Централниот Регистар, изедначен е со осигурителните друштва и за него треба да важат истите правила при случување на ризичен (штетен) настан како и за осигурителните друштва. Токму таков ризичен настан е стечајот на Еуростандард банка и правилата за суброгација што важат за осигурителните друштва, во стечајната постапка за Еуростандард банка, треба да важат и за Фондот за осигурување на депозити“, се вели во соопштението.

Правда за штeдачи: Правично и законито решение за доверителите на Еуростандард банка

Некои специфичности на стечајната постапка за Еуростандард банка

Правда за штедачи: Зошто нашето законодавство за стечај на банка ги оштетува депонентите правни и физички лица?

Правда за штедачи: Фондот за осигурување на депозити да подготви законски измени кои ќе ги штитат граѓаните

„Правда за штедачи“: Дали криминалот и корупцијата ќе останат да бидат двигател и во стечајната постапка на Еуростандард банка

„Правда за штедачи“: Дали Судскиот совет ќе постапи по барањето за утврдување на одговорност на судиите

„Правда за штедачи“: Судскиот совет треба будно да го следи предметот

„Правда за штедачи“: Тоа што го констатирал и укинал Уставниот суд, некој треба да го спроведе на дело

Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет

Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В