/ Прочитано:

761

„Правда за штедачи“: Тоа што го констатирал и укинал Уставниот суд, некој треба да го спроведе на дело

„Деновиве во медиумите беше објавена информација за активностите на Фондот за осигурување на депозити во поглед на обесштетувањето на физичките лица депоненти и имателите на сметки во ограбената Еуростандард банка, која веќе 14 месеци е во стечај. Но, како и за многу други работи, преку дозирано информирање и извртување на фактите, институциите сакаат да прикажат нереална слика и опкружувањето да ни го направат розево.

Пред неколку месеци Уставниот суд донесе одлука со која се укина членот 163 став 3 од Законот за банки. Таквата одлука се донесе поради дискриминација на правните лица – фирми депоненти, на кои им се одземаат сите пари при стечај на банка, како што тоа се случи со Еуростандард банка, додека Фондот за осигурување на депозити се ставаше во прв ред за наплата од стечајната маса. Фондот ништо не ги обештетил, а тие, правните лица, се приморани целиот платен промет да го извршуваат исклучиво и само преку банките. Ова е единствен, уникатен пример за отворена, законска дискриминација која постои на Европскиот континент. И не само во Европската унија, туку и во сите земји околу нас, нашите соседи, правото за обештетување го имаат законски решено така што физичките и правни лица депоненти во банка се обештетуваат подеднакво при стечај на банка. Само во нашата земја постојат закони, како што е Законот за банки и Законот за Фонд за осигурување на депозити, во кои оваа дискриминација е јавна. И еве се укина дискриминаторската и неуставна законска одредба од Законот за банки, но Законот за Фонд за осигурување на депозити и понатаму јавно продолжува да ги дикриминира правните лица депоненти во банка. Обештетување и понатаму важи само и исклучиво за физичките лица депоненти во банка додека правните лица не се ни споменати во законот. Во стечајната постапка на Еуростандард банка има околу 2.000 правни лица на кои им се одземени сите пари. Пари од приватниот сектор, во најголем дел на мали и средни претпријатија, двигатели на економијата, целосно се пропаднати и завршени во некои туѓи џебови како резултат на организираниот криминал и корупција кои се случувале со години и за коишто до сега е многу пишувано. Но, ништо не е преземено овој масовен грабеж на депозити од лиценцирана и контролирана банка да се разреши и виновниците да ја добијат заслужената казна. И не само тоа. И понатаму јавно се фалат од Фондот за осигурување на депозити дека извршиле обештетување на повеќе од 99 отсто од штедачите во Еуростандард банка! Зошто се извртуваат фактите, зошто се крие вистината!?

Јавноста треба да ја знае вистината. Околу 57 отсто од вкупното побарување или речиси 60 милиони евра припаѓаат на 780 физички лица и 2.000 правни лица депоненти кои имале лични парични средства во ограбената Еуростандард банка. И наместо Министерството за финансии, Народната банка и Фондот за осигурување на депозити да работат на исправање на законите, нивно усогласување со Уставот и со директивите на Европската унија, за што се надлежни и одговорни, тие само ги користат средствата од народот за нивни плати и други додатоци и паралелно на тоа, замајување на јавноста преку искривување или прикривање на вистината. Нема никаква одговорност од јавните службеници што работат во овие институции. Тие не оштетија нас, а со своето неработење и лажирање на факти во јавноста, го оштетуваат и целокупниот народ во оваа држава.

Кога веќе немаме институции кои се борат со криминалот и корупцијата, па и покрај јавните тврдењата на гувернерката Бежоска дека сите банки се стабилни, а веднаш потоа се затвори банка, сето ова ќе изгледаше поинаку доколку законската регулатива во државава беше усогласена со регулативите на Европската унија во чие семејство сакаме да бидеме. Неусогласеноста на регулативата е толку голема да мораше Уставниот суд да укинува одредба од актуелниот Закон за банки, за да исправи нешто што е дискриминирачки и се разбира противуставно. Фирмите ќе продолжеа успешно да работат без загуби, а многу помалку од граѓаните ќе остане со многу помали главоболки и уништени животи. Но, за жал, тоа што го констатирал и укинал Уставниот суд, некој треба да го спроведе на дело, а тука повторно стапуваат на сцена институциите кои се највешти само во боењето на нашето сиво секојдневие во розева боја. И без никаква одговорност да исправат тоа што нечини таму каде што се надлежни, продолжуваат и понатаму да шират демагогии и да ја сквернават вистината, се разбира со наши пари“, се вели во соопштението.

Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет

Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В