„Правда за штедачи“: Уставниот суд пред мериторна одлука
„Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” ја поздравува одлуката Уставниот суд да го почитува деловничкиот рок, да закаже и да одржи седница по предметот за оцена на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки на 25 мај, имајќи предвид дека во однос на спорната одредба беше поведена постапка за оцена на уставноста на седницата одржана на 21 април.
Одржувањето на седницата е логичен след на текот на постапката за мериторно одлучување по поднесената иницијатива бидејќи се работи за прашање кое е веќе во доволна мера елаборирано и аргументирано, дури и на јавна сцена. Од друга страна, по изнесеното издвоено мислење од четирите судии, повеќе не постојат причини за понатамошно одолговлекување или пролонгирање бидејќи се изнесени многубројни аргументи за оцена на уставноста, не само преку законската регулатива и уставните одредби во домашното законодавство, туку и преку компаративна анализа, од кои може да се согледа проблемот од поширок аспект – европски и регионален. Во таа насока, не само стручната јавност, туку и Здружението „Правда за штедачи“ преку сопствени истражувања и соработка со домашни и меѓународни експерти се вклучи во изнесување на аргументи, кои во изминатиот период беа јавно објавени. Затоа, сметаме дека прашањето за (не)уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки е доволно аргументирано и разјаснето од повеќе аспекти, и поради тоа создадени се услови за мериторно одлучување во однос на поднесената иницијатива пред Уставниот суд.
Здружението смета дека и за пошироката јавност е совршено јасна „зрелоста” за одлучување во однос на иницијативата за оцена на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Од друга страна, со одлуката што треба да ја донесе Уставниот суд ќе стане многу појасен статусот на депонентите – физички и правни лица во банкарскиот систем на државата. Имено, со одлуката што ќе ја донесе Уставниот суд во однос на поднесената иницијатива ќе биде јасно дали ќе биде зајакната позицијата на депонентите – физички и правни лица или ќе остане сегашната поставеност, каде што е максимално зајакната позицијата на банките и нивните профити.
Со оглед дека Здружението „Правда за штедачи“ ги застапува интересите на депонентите – физички и правни лица на Еуростандард банка, во стечај, во која останаа заробени парични средства на околу 700 физички лица и околу 2.000 правни лица, или повеќе од 3.000 семејства, мораме да напоменеме дека интересот на сите засегнати страни мора да се гледа и од аспект на стечајната постапка за Еуростандард банка. Оттаму, ако сите прашања во врска со (не)уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки се веќе детално елаборирани, одлуката на Уставниот суд ќе биде значајна и од аспект на итниот карактер на стечајната постапка за Еуростандард банка. Имено, одлуката може да има влијание на текот на стечајната постапка и со своите реперкусии да спречи доверителите во оваа постапка да претрпат ненадоместлива штета. Затоа што, иако се работи за апстрактна одредба која се однесува на неопределен број лица, нападнатата одредба од Законот за банки би можела да предизвика многу конкретна штета на точно определен број лица – доверители во стечајната постапка за Еуростандард банка. Се разбира, доколку постапката не заврши до 31 мај и се случи престанок на мандатот на тројца уставни судии заклучно со овој датум, по што ќе треба да се чека избор на нови уставни судии. Со оглед на состојбата со ковид-19 пандемијата, како и односот на силите во Собранието, претстојниот попис и локалните избори, изборот на нови уставни судии може да потрае или да биде одложен на неопределен период, што би значело дека постапката на подолг период може да биде ставена „во мирување”. Тогаш, и опасноста за конкретна штета на доверителите во стечајната постапка за Еуростандард банка би била реална. Токму од тие причини, Здружението „Правда за штедачи” инсистира дека Уставниот суд треба да ја донесе мериторната одлука по иницијативата за оцена на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки додека сѐ уште работи актуелниот состав, или Уставниот суд да одлучи во составот што ја поведе постапката за оцена на уставноста.
Мораме да потенцираме дека нашата верба во професионалноста и доблеста на претседателот на Уставниот суд се покажа како оправдана бидејќи тој ја закажа седницата до истекот на својот мандат. Овој пат се надеваме дека таква доблест, професионалност и одговорност постои и кај сите останати судии на Уставниот суд. Особено во односот кон јавноста и кон сопствените граѓани, без оглед на нивното мислење во однос на поднесената иницијатива. Со верба во правдата, нашето барање е Уставниот суд, на седницата закажана за 25 мај, да донесе мериторна одлука по иницијативата за оцена на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Се разбира, врз основа на Устав и закон. Ништо повеќе и ништо помалку од тоа“, соопштуваат од Здружението.
Здружение „Правда за штедачи“: Се надеваме дека Уставниот суд ќе одржи седница во рокот за предметот
Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките
Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките
Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити
Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд
Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд
Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка
ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“
Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра
Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка
ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки
Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“
Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“
ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени
Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај
Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В