/ Прочитано:

4.430

Правда за штедачи: Во исчекување  на праведна одлука на Основниот граѓански суд Скопје

„На редовна седница одржана при крајот на минатата година, Одборот на доверители на Еуростандард банка одлучил Фондот за осигурување на депозити да биде со исплатен ред после доверителите, физички и правни лица, во постапката за распределба на средства од стечајната маса на банката. Согласно законската постапка, стечајниот управник изготвил план за авансна распределба односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на банката. И сега, останува Основниот граѓански суд Скопје да донесе решение, со кое доверителите, физички и правни лица, очекуваат да го потврди планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители и час поскоро да започне исплатата на нивните заробени лични парични средства од стечајната маса на банката.

Планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители, каде Фондот за осигурување на депозити е втор по исплатен ред, веднаш после доверителите физички и правни лица, направен е согласно одлуките на Основниот и Апелациониот суд Скопје. Судовите,  одлучија дека Фондот останува доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација, а во Закон за облигациони односи во институтот суброгација е определен и исплатниот ред на Фондот како осигурител на депозитите.

Откако се укина член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година, Фондот го изгуби статусот на доверител како и исплатниот ред во стечајната постапка според Законот за банки. Потоа, Основниот граѓански суд Скопје донесе решение со кое Фондот остана доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка. Во донесеното решение, Основниот граѓански суд Скопје употреби таканаречена посебна (sui generis) законска суброгација врз основа на Законот за облигациони односи и која суброгација  ја поврза со статутот на Фондот како интерен акт. Апелациониот суд го потврди тоа решение во целост. Согласно Решенијата на судовите, очекуваме законската суброгација да се примени и при определување на исплатнит ред на Фондот. Поточно, судот да не биде селективен и пристрасен на страната на Фондот. Односно, кога Фондот требаше да се спаси и да остане доверител во стечајната постапка се применува посебна (sui generis) законска суброгација врз основа на  статут, а кога треба да се определува исплатен ред на Фондот да не се земе во предвид институтот суброгација. Суброгација е законско право за осигурителните компании, кое што му овозможува на осигурувачот да се поврати износот што го платил за загуба со тужител на партијата која ја предизвикала загубата.

Фондот како специјализирана институција за осигурување на депозити, наплаќа премија на целосниот износ на осигурени депозити а не само премија за депозити до 30.000 евра, а обештетува физички лица до 30.000 евра. Што значи дека Фондот е со дејност како осигурителна компанија за неживотно осигурување односно наплаќа премија за осигурување на депозити и при ризичен настан врши обештетување и за него важи институтот суброгација. Согласно институтот суброгација, по којшто Фондот остана да биде доверител во стечајната постапка на банката, сега Судот треба да ја земе во предвид суброгацијата при утврдувањето на исплатниот ред на Фондот во планот за авансна распределба на доверителите.

Инсистираме за владеење на правото и доследно почитување на законите. На основа на владеење на правото и законите е направен планот за авансна распределба со којшто е предвидено оштетените депонентифизички и правни лица, да бидат обештетени пред Фондот за осигурување на депозити. Со оглед на паричната маса која треба да се распредели, доверителите, физички и правни лица, целосно ќе бидат обештетени. Додека Фондот ќе добие солиден дел од своето побарување, за да понатаму остане речиси единствен доверител за наплата од преостанатата стечајна маса.

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка веќе изрази поддршка за ваквиот план, којшто е изгласан и донесен од Одборот на доверители. Повторуваме, ова е единственото правично и законито решение на задоволство на сите. 3.000 семејства на граѓани и фирми доверители во стечајната постапка на Еуростандард банка ја очекуваат правичната одлука на Основниот граѓански суд Скопје со кое ќе се потврди доставениот план за авансна распределба одлучен од Одборот на доверители!

За правдата и владеење на правото, на потег е Основниот граѓански суд Скопје.“, соопштуваат од Здружението.

Соопштение на ФОД: Осигурувањето на депозитите се наплаќа со рамна стапка – иста за сите членки

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Граѓанскиот суд

„Правда за штедачи“: Судот на јавноста

Правда за штeдачи: Правично и законито решение за доверителите на Еуростандард банка

Некои специфичности на стечајната постапка за Еуростандард банка

Правда за штедачи: Зошто нашето законодавство за стечај на банка ги оштетува депонентите правни и физички лица?

Правда за штедачи: Фондот за осигурување на депозити да подготви законски измени кои ќе ги штитат граѓаните

„Правда за штедачи“: Дали криминалот и корупцијата ќе останат да бидат двигател и во стечајната постапка на Еуростандард банка

„Правда за штедачи“: Дали Судскиот совет ќе постапи по барањето за утврдување на одговорност на судиите

„Правда за штедачи“: Судскиот совет треба будно да го следи предметот

„Правда за штедачи“: Тоа што го констатирал и укинал Уставниот суд, некој треба да го спроведе на дело

Соопштение на Апелациониот суд во врска со предметот за „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“ со повик до Судскиот совет

Фондот за осигурување на депозити за обесштетувањето во врска со „Еуростандард банка“

„Правда за штедачи“: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В