/ Прочитано:

4.242

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Откако се донесе одлуката на Уставен суд за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки на ден 25 мај оваа година, на истиот тој ден Владата експресно донесе заклучок за носење на измени и дополнувања на истиот тој закон. Причината е поради создадената правна празнина со укинување на законската одредба односно законски недефинираниот статус на Фондот за осигурување на депозити во стечајна постапка на банка. Владата дефинираше рок од 15 дена за носење на предлог законските измени и дополнувања на Законот за банки, а како надлежна институција и задолжена да го направи тоа е Министерството за финансии. Еве поминаа и два месеци, а предлог закон сеуште нема.

Но затоа, вработени на клучни позиции во Министерството за финансии кои се директно надлежни и вклучени во носење на законските измени и дополнувања на Законот за банки, со кои треба да се реши и прашањето за Фондот за осигурување на депозити, се истовремено и членови на Управниот одбор на истиот тој Фонд. Сузана Пенева, државен советник за прашања од меѓународните финансии и хармонизација со ЕУ и Ленче Тагасовска, раководител на сектор за финансиски систем надлежна за изготвување на регулатива од областа на банкарскиот систем, освен како директно надлежни во носење на законска регулатива во Министерството за финансии, се истовремено и членови на Управниот одбор на Фондот. Откако првично Министерството за финансии се мешаше во работата на Уставниот суд во носење на одлуката на уставните судии односно мешање на извршна во судска власт, сега тоа исто Министерство се погрижило да има и двајца свои претставници во Управниот одбор на Фондот. Тоа се истите оние кои се надлежни да ги предложат законските измени и дополнувања во Законот за банки со кои треба да се решава и статусот на Фондот.

Што е ова ако не директен судир на интереси!? Дали на овој начин Министерството за финансии практикува вршење на своите надлежности? Кога негови членови на клучни позиции подготвуваат законски измени во кои централно место зазема Фондот за осигурување на депозити и воедно носат управувачки одлуки за истиот тој Фонд, што, кога и како да прави.

Минатите денови Управниот одбор на Фондот одлучил да побара авансна исплата на средствата од стечајната маса на Еуростандард банка на седницата на Одборот на доверители закажана за утре, 27 јули. Членовите во Управниот одбор на Фондот од Министерството за финансии се веќе некое време запознати од Здружението „Правда за штедачи“ дека Фондот за осигурување на депозити не е повеќе доверител во понатамошната стечајна постапка на Еуростандард банка, согласно одлуката на Уставниот суд за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки, Деловникот на Уставниот суд (член 80) и Мислењето на Врховниот суд од 7 октомври 2019 година. Здружението достави и правна анализа до Владата и Министерството за финансии поткрепена со материјали кои докажуваат дека Фондот нема активна легитимација во понатамошниот тек на стечајната постапка. Оттука, стоиме цврсто на ставот дека Фондот ниту може да бара авансна исплата на средства ниту да добие средства бидејќи во моментот за тоа нема законска основа.

Каков пример на делување остава ваква клучна државна институција како Министерството за финансии? Наместо нејзините вработени да се насочат само кон носење на законски измени во повеќе закони согласно одлуката на Уставниот Суд, тие се ангажираат да носат одлукa за авансна исплата на Фондот како членови во неговиот Управен одбор.

За судирот на интереси во овој случај веќе ја известивме Државната комисија за спречување на корупцијата, за да испита, утврди и да преземе мерки. Ќе провериме и до каде се останатите случаи поврзани со криминални и коруптивни дејствија во кражбата на депозити од Еуростандард банка кои се отворени и се водат од оваа комисија. Очекуваме и за тие случаи да се произнесе јавно и самата комисија час поскоро. Тоа и е законска должност и обврска, а наша должност и морална обврска е да доставуваме вакви и слични случаи на судир на интереси и корупција, за да истите се казнат и се спречат од понатамошно ширење на штетни влијанија.

Да потсетиме и дека наскоро поминува една цела година од затворањето на Еуростандард банка. За тоа време ниту една државна институција не пронајде ништо и не казни никого. Напротив, владее координиран молк на сите страни. Ги повикувавме и ги повикуваме Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Државната комисија за спречување на корупцијата и Вицепремиерот надлежен за борба против криминалот и корупцијата Љупчо Николовски да не седат со скрстени раце и да реагираат. Многу малку или скоро ништо е направено со цел решавање на овој голем криминален и коруптивен случај. Скоро цела година пишуваме и ја обелоденуваме вистината преку факти на криминалните структури во овој најголем грабеж на банка во изминатите две децении, почнувајќи од високото раководство на Еуростандард банка во управниот, кредитниот и надзорниот одбор, потоа гувернерката и нејзиниот прв тим од Народна банка и сопствениците на 149 фирми преку кои масовно се одлеале и поделиле нашите лични парични средства“, се вели во соопштението на Здружението.

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В