/ Прочитано:

3.644

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“:  Јавен повик за учество на XXI ораторска вечер „Иво Пухан“

Организацискиот одбор на Ораторската вечер ,,Иво Пухан“ објавува јавен повик за учество на XXI ораторска вечер ,,Иво Пухан“.

„Сите заинтересирани   за   учество   на  XXI ораторска вечер ‘Иво Пухан’ можат да се пријават најдоцна до четврток (9.11.2017)   на   следнава   е-адреса: t.mucunski@pf.ukim.edu.mk. Првата средба на учесниците ќе се одржи в петок (10.11.2017)  во  12  часот  во  Салата за  состаноци  на Правниот факултет ‘Јустинијан Први’ во Скопје. Повикот е отворен за студенти од сите три циклуси на студии на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’“, информираат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

М.В