/ Прочитано:

11.394

Правен лексикон: DA MIHI FACTUM DABO TIBI IUS

DA MIHI FACTUM DABO TIBI IUS – во превод означува „дај ми ги фактите, а јас ќе ти кажам што е право“. Се работи, всушност, за поим за означување на судскиот силогизам, логична мисловна операција, во која судот ја формира долната премиса (фактите), ја пронаоѓа горната премиса (правното правило кое треба да го изменат тие факти) и го изрекува заклучокот кој произлегува од долната и горната премиса.

Оваа стара правна изрека ја истакнува разликата меѓу положбата на судијата и на странките во спорот – странките треба да ги изнесат фактите и да докажат, а на судијата му останува да оценува и да изрече кои се правните последици од докажаната фактичка состојба, односно да извлече правни заклучоци.

Поради тоа, погрешната правна квалификација на таа фактичка состојба од страна на тужителот нема влијание на исходот на спорот, ниту пак промената на правната квалификација ја променува идентичноста на тужбеното барање.

Кога судот ќе ги изрече правните последици кои претставуваат конкретизација на правната норма за спорниот случај, тој всушност изрекува наредба која судот ја формулира во диспозитивот, изреката на пресудата и така го решава спорот.

Правен лексикон: RATIO LEGIS

Правен лексикон: ERROR IURIS

Правен лексикон: DONANDI CAUSA

Правен лексикон: TITULUS ACQUIRENDI

Правен лексикон: AB INITIO