/ Прочитано:

861

Правен тим ќе ја оценува штетата од инцидентите во Собранието

Понеделник, 31 декември 2012 – Правен тим формиран од страна законодавниот дом ќе направи проценка и ќе ја документира материјалната штета направена од страна на пратениците за време на инцидентите пред изгласувањето на Буџетот за 2013 година во понеделникот.

– “Покрај физичкиот обид за онеспособување на претседателот за рака, глава и најпосле за негово дофатување од зад грб, по кој обезбедувањето проценило дека треба да го евакуира од местото на претседавање со Собранието, во овој насилен инцидент практично се онеспособени сите технички уреди. Системот за говорење и гласање, местото (процепот) каде се става електронската картичка, единицата за гласање се наполнети со хартии, спајалици и јогурт. Понатаму, истегнати и прекинати се сите поврзувачки кабли на техничките уреди со чија помош претседателот го води Собранието, како мониторот и уредите кои ги користи претседателот, така и уредите кај генералниот секретар и другите двајца службеници, кои посебно управуваат со техниката во целата пленарна сала, а чие работно место се наоѓа веднаш под раководната маса на претседателот на Собранието“, стои соопштението испратено од страна на Собранието на РМ.

Како што се наведува освен физичка сила била направена штета на документи, технички уреди и друга опрема  и кршење на предмети.