Правила и услови за користење

Пор­та­лот Aкадемик.мк е сопственост на Академик ДООЕЛ Скопје. Со користењето на порталот потврдувате дека сте запознаени со правилата и условите за негово користење и се обврзувате да ги почитувате наведените правила и услови.

Заштита на авторските права и правата од индустриска сопственост

Сите содржини поставени на Академик.мк се ексклузивно право на Академик ДООЕЛ Скопје или се користат со изречно одобрение на носителот на авторското право или субјектот на правото од индустриска сопственост.

Се забранува какво било копирање, дистрибуција, пренос, објавување или на друг начин користење на содржините на оваа веб-страница, без изречна писмена согласност на Академик ДООЕЛ Скопје.

По исклучок, дозволено е преземање на дел од авторски текст кој да не надминува 30% од оригиналниот текст, врз кој не е направена никаква интервенција од трети страни што би довело до искривување на пораката која е пренесена од авторот, кој е задолжително поставен помеѓу наводници (на почетокот и крајот на текстот), кој задолжително повикува на изворот (Академик.мк) и во кој задолжително е поставен линк кој води до оригиналниот текст.

Какво било кршење на овие правила и услови, што може да има како последица повреда на кое било авторско право или право од индустриска сопственост претставува основ за преземање правни дејствија од страна на Академик ДООЕЛ Скопје против сторителот.

Одговорност

Со користењето на оваа веб-страница, корисникот е согласен да ги почитува овие Правила и услови, позитивната законска регулатива, како и да се однесува според прифатливите етички и морални принципи на Република Северна Македонија.

Корисникот потврдува дека која било содржина од оваа веб-страница нема да ја користи во незаконски цели, ниту пак за нивно промовирање.

Корисникот се согласува и потврдува дека нема да поставува или пренесува какви било содржини од оваа веб-страница со што на кој било начин се прекршуваат овие Правила и услови, позитивната законска регулатива, прифатливите етички и морални принципи во Република Северна Македонија, вклучувајќи но не ограничувајќи се на повреда на авторските права, повреда на права од индустриска сопственост, поттикнување нетрпеливост, дискриминација, клевета, омаловажување, нарушување на приватноста, достоинството и угледот на Академик ДООЕЛ Скопје и на трети лица.

Користењето на сите содржини на Академик.мк е на сопствена одговорност на корисникот и Академик.мк не може да се смета за одговорен за какви било штети настанати од неговото користење.

Академик.мк содржи и линкови до веб-страници надвор од сопствената веб-страница и тој не може да се смета за одговорен за содржините надвор од оваа веб-страница.

Академик ДООЕЛ Скопје ќе го смета корисникот за одговорен за каква било штета настаната поради негово однесување кое е спротивно на овие Правила и услови, позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, морал и етика или штета настаната како последица на злоупотреба на каков вид содржина преземена од Академик.мк и ќе ги преземе сите правни дејствија за надоместување на причинетата штета.

Заштита на приватноста

Академик ДООЕЛ Скопје во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на кој било начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.

АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје доаѓа само до оние лични податоци кои корисниците решиле да ги остават при користењето на оваа веб-страница. АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје на ниту еден начин истите податоци нема да ги класифицира, групира или употреби за кои било други цели освен за целите за кои тие се оставени од самите корисници.

За повеќе детали, видете Политика за заштита на приватноста.

Академик ДООЕЛ Скопје го задржува правото во кое било време, без претходна најава, да ги менува овие Правила и услови и да ја објави промената на својата страница.

 

23.8.2021 година