/ Прочитано:

1.557

Правила за заштита на авторските права на Оскарите

Целта на овие правила е да постави кодификација на фер практика за сите форми на рекламирање што се однесуваат на годишните награди на Филмската академија и за другите прашања што се однесуваат на заштита на интелектуалната сопственост.

oscars1

Уште од нивното основање во 1929 година, Оскарите се здобиле со интернационална популарност. Денес тие се најпрестижни и најпочитувани награди во филмската индустрија во светот. Нивниот престиж од година на година расте бидејќи јавноста ги препознава Оскарите како награди базирани на уметничко и техничко достигнување на актерите.

Кога станува збор за Оскарите, неминовни се познавањето и почитувањето на правото и правилата кои се интегрирани во процесот на организација на манифестацијата и заштитата на правата на актерите, на филмските работници, на брендот „Оскар“ и на другите авторски права.

Целта на овие правила е да постави кодификација на фер практика за сите форми на рекламирање што се однесуваат на годишните награди на Филмската академија и за другите прашања што се однесуваат на заштита на интелектуалната сопственост.

Намерата не е со овие правила да се скратат поволностите на филмските продуценти, на дистрибутерите на филмови или на целата манифестација на Оскарите, но сепак треба да постават една рамнотежа и да осигурат дека ќе бидат целосно заштитени правата на минатите и на идните „Оскари”, дека нема да има лажни тврдења во јавноста кои се однесуваат на наградите Оскар и дека потребата од правна заштита на трговските марки и авторските права ќе биде целосно обезбедена.

Филмската академија како носител на авторските права на статуетката „Оскар” и на другите марки, вклучувајќи ги: „OSCAR®“, „OSCARS®”, „ACADEMY AWARD®“, „ACADEMY AWARDS®“, „OSCAR NIGHT®“, „A.M.P.A.S.®”, ги има целосните права на заштита против неавторизирана употреба и прекршоци.

Академијата ги има единствените и ексклузивните права за репродукција, изработка, копирање, продажба, и објавување на статуетката што им се доделува на добитниците на наградите и никој друг нема право на правење реплики, фотографии и други копии на статуетката врз основа на овие правила или без писмена лиценца издадена од Филмската академија.

Исто така, статуетката Оскар не смее да се употребува во модната индустрија како лого или како декоративен мотив за која било цел во видеопрезентација, во филмско продуцирање или во филм кој не е авторизиран од Академијата.

Филмовите што добиле Оскар или што биле номинирани за награда можат да се рекламираат во електронски и во печатени изданија под одредени услови:

– да не се појавуваат повеќе од еднаш во едно прикажување;

– големината на описот да не опфаќа повеќе од 10 % од целосното рекламно прикажување;

– да е прикажан носителот на авторското право „©A.M.P.A.S.®”.

Сите досегашни филмови што добиле награди од Академијата се согласни таа да се грижи за секое правно нарушување што ќе настане во иднина и тие имаат право на соодветно обесштетување за секоја повреда на авторските права.