/ Прочитано:

928

Правна анализа на Хелсиншкиот комитет за медиумското претставување на кандидатите на претстојните избори

„Хелсиншкиот комитет за човекови права во изминатиот период дојде до сознание дека неколку радиодифузери и медиуми поради несоодветна примена на одредби од Изборниот законик нема да бидат во можност да се вклучат во медиумското претставување на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија.  Врз основа на приложените документи и одредбите од Изборниот законик, Комитетот подготви правно мислење за овој случај. Станува збор за одредбите со кои законот ги регулира правата и обврските на медиумите кои се заинтересирани да се вклучат во медиумското претставување на кандидатите што учествуваат на избори и како соодветно да го спроведат медиумското претставување на балансиран и фер начин“, се вели во соопштението на Комитетот, чија анализа може да се погледне на следниот линк.

Од Комитетот нагласуваат дека ДИК итно мора да даде јасни насоки и препораки за медиумското претставување на кандидатите на претстојните избори.

М.В