/ Прочитано:

8.253

Правна рамка и институционални форми за заштита на потрошувачите во финансиски услуги

Организацијата на потрошувачи на Македонија објави анализа за правната рамка и институционалните форми за заштита на потрошувачите во финансиски услуги.

Авторите на овој документ, насловен како „Правна рамка и институционални форми за заштита на потрошувачите во финансиските услуги“, разбираат дека станува збор за обемна тема која ентузијастички е вака насловена.

Ова од причина што финансиските услуги во современата економија наменети за потрошувачите опфаќаат широка палета „производи“ со различна правна рамка и слични, но и различни институционални форми за заштита на правата на потрошувачите.

Оттука, чувствуваме потреба да укажеме дека предмет на анализа на овој документ се специфичните финансиски услуги – потрошувачки кредити и потрошувачки кредити за станбени недвижнини, или т.н. хипотекарни кредити и нивната правна уреденост, додека институционалните форми за заштита што можат да се однесуваат на заштитата на потрошувачите при користењето на различни производи и услуги ќе бидат обработени во обем неопходен за заштита на правата на потрошувачите при користење на конкретните финансиски услуги. Документот е достапен на следниот линк.