/ Прочитано:

2.738

Правни практичари, меѓу кои и адвокати, во новиот Совет за стратегијата во правосудството

Во новиот Совет за следење на имплементацијата на стратегијата во правосудството за периодот 2017 – 2022 треба да има практичари, истакна денеска  премиерот Зоран Заев, кој ќе раководи со новото тело.

„Веројатно, во него ќе влезе претседателот на Врховниот суд, претседателот на  Основниот суд Скопје 1, јавниот обвинител, специјалниот јавен обвинител, една од апелациските единици, претставници од Здружението на судии, од Адвокатската комора, кои треба да бидат помогнати од граѓански активисти или експерти и од експерти од професорската фела. Тоа тело не треба да биде преобемно за да биде со сериозен  импакт да ги забрза процесите и да биде консултативно за практичарите што ќе ги изработуваат законските решенија“, истакна денес премиерот  Заев.

М.В