/ Прочитано:

1.348

Правниот факултет „Јустинијан Први“ ја одбележува 25-годишнината од основањето на политичките студии

Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ оваа година ја одбележува 25-годишнината од основањето на политичките студии.

По повод настанот денеска се одржува меѓународна конференција „Право, правда и политика во современиот демократски контекст”. На Факултетот се организираше и  XXII Ораторска вечер „Иво Пухан“. Двете манифестации се во рамките на одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, кој се одбележува и како ден на Факултетот.

Поздравни обраќања на денешниот настан имаа проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и  проф. д-р Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, кои го истакнаа значењето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во македонското високо образование преку постојаното осовременување на студиите и создавањето на вистинско знаење, како и преку развојот на правно-политичката мисла.

Пригоден говор на денешниот настан имаше и Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија. Научната конференција „Право, правда и политика во современиот демократски контекст“ ја отвори проф. д-р Ненад Марковиќ, раководител на Институтот за политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

На денешниот настан им беа доделени пофалници на натпреварувачките тимови на Факултетот кои бележат извонредни достигнувања на меѓународните натпревари.  Исти така, на пригодниот настан настап имаше победникот на XXII Ораторска вечер „Иво Пухан“, Нинослав Нанков.

На научната конференцијата ќе се говори за предизвиците на законодавството и неговата реформа; за правната култура и владеењето на правото; за правдата помеѓу правото и политиката и за транзиционирањето од конфликт кон напредок.

Проф. д-р Александра Груевска-Дракулевски  ќе говори  за потребата од реформи на пенитенцијарниот систем во Република Македонија,  проф. д-р Неда Здравева за одговорноста за штета предизвикана при јавни собири во македонското право, проф. д-р Драган Гоцевски за причините за измени на општата правна рамка за вработените во јавниот сектор во Република Македонија, проф. д-р Јасна Бачовска-Недиќ за предизвиците на правната регулација на онлајн медиумите во Република Македонија, а доц. д-р Наталија Шикова за регулаторните процеси и владеењето на правото.

Проф. д-р Сашо Георгиевски ќе говори за правната култура на македонското судство, за правдата и за владеењето на правото, проф. д-р Ненад Марковиќ за детерминантите на правната култура како почитување на законот во шест земји на Југоисточна Европа,  д-р Хана Дузка-Јакимко за парадигмата на правната практика во заднина на транзицискиот модел на правото, проф. д-р Иван Дамјановски за усогласеноста со политиките за владеење на правото на ЕУ во Македонија, а доц. д-р Есин Кранли Бајрам за римското политичко говорништво низ примерот на Marcus Portius Cato (Катон Стариот).

Доц. д-р Ана Чупевска-Станишковска ќе се осврне на прашањето за  мултикултурна правда, а  доц. д-р Хелга Спадина ќе говори на темата „ Правда во транзит: третманот на мигрантите и потенцијалните баратели на азил во транзит низ Хрватска“.

Проф. д-р Дарко Димовски, м-р Александар Михајловиќ и проф. д-р Миомира Костиќ ќе говорат за истополовите заедници и за важноста на нивната регулација, додека пак  Драгана Накиќ ќе говори за правдата помеѓу етницитетот и политиката.

Проф. д-р Биљана Петревска ќе ја презентира анализата на индикаторите за сиромаштија во Република Македонија, а проф. д-р Иванка Василевска и м-р Тања Стојановска ќе се осврнат на израелско-палестинскиот конфликт: помеѓу правото, правдата и тероризмот.

Проф. д-р Владимир Божиновски ќе говори за триесетгодишната војна и идеите за обединета Европа, додека пак, проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева ќе говори за темата  посветена на Балканот во транзиција.

„ЦРНИ ТОГИ“ – победничкиот говор на Нинослав Нанков на XXII Ораторска вечер „Иво Пухан“

На „Јустинијан Први“ се одржа  XXII Ораторска вечер „Иво Пухан 

М.В