/ Прочитано:

5.094

Правниот факултет „Јустинијан Први“ повторно помеѓу најдобрите во светот за меѓународно арбитражно право

Тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на најголемиот натпревар во светот од областа на меѓународното арбитражно право – Вилем K. Вис, во конкуренција на 357 тима, обезбеди пласман во финалната рунда од 64 најдобри во светот. На најголемата арбитражна олимпијада, како што Би-би-си го нарекува натпреварот, Правниот факултет се пласираше во рангот на најдобрите факултети во светот за меѓународно арбитражно право.

Тимот под менторство на проф. д-р Тони Дескоски го сочинуваа студентите: Ениса Рами, Влатко Токарев, Петар Митрески, Ана Миовска, Кристијан Милошевиќ, како и Ивана Ужевска која учествуваше во составувањето на писмените поднесоци. Во подготовките на студентите учествуваа и доц. д-р Вангел Доковски, д-р Ана Пепељугоска и ас. м-р Љубен Коцев.

Натпреварот  веќе 25 години се одржува во Виена, Австрија, а Правниот факултет „Јустинијан Први“ од своето прво учество во 2009 година четири пати успева да се вброи високо меѓу најдобрите факултети во светот.

М.В