/ Прочитано:

2.183

Правниот факултет од Загреб и Институтот „Макс Планк“ организираат курс од областа на криминологијата во Дубровник

Правниот факултет од Загреб, во соработка со Институтот за истражување на меѓународното казнено право „Макс Планк“ од Фрајбург, и оваа година го организираат Курсот за иновации и истражувања во областа на криминологијата на Балканот, од 21 до 26 октомври 2018 година во Дубровник.

Курсот традиционално се организира во интерактивен формат, со фокус на презентирање на базични криминолошки теории и феномени во регионот на Западен Балкан и дискусија за нив. Учесниците на курсот – студенти и истражувачи на магистерски и на докторски студии ќе имаат можност да ги презентираат наодите од своите магистерски/докторски тези, и ќе имаат можност да дискутираат со реномирани правни експерти и практичари од регионот и од ЕУ.

Оваа година на курсот како клучни експерти предвидено е да настапат:

проф. д-р Ханс Јорг Алрихт, Институт „Макс Планк“ – Фрајбург, Германија; доц. д-р Ана-Марија Гетош Калач, Универзитетот од Загреб, Хрватска; д-р Михаел Килхлинг, Институт „Макс Планк“, Фрајбург, Германија; доц. д-р Алмир Маљевиќ, Универзитетот од Сараево, БиХ; проф. д-р Хелмут Курај, Институт „Макс Планк“, Фрајбург, Германија; проф. д-р Марсело Аеби, Факултет за казненоправни науки, Лозана, Швајцарија; проф. д-р Гордана Лажетиќ, Правен факултет, Скопје; проф. д-р Андра-Роксана Трандафир, Правен факултет, Букурешт; проф. д-р Халили Џевдет, Правен факултет, Приштина.

„Сите заинтересирани кои сакаат да се пријават за овој курс и да добијат подетални информации во однос на програмата можат да стапат во контакт со д-р Реана Бежиќ, асистент на Катедрата за казнено право при Правниот факултет од Заграб на r.bezic@balkan-criminology.eu“, информираат организаторите на настанот.

Подетални информации за курсот може да се најдат на

http://balkan-criminology.eu/en/events/event/201810261.html