/ Прочитано:

1.971

Правниот факултет при УГД објавува повик за трудови за списанието Student’s Social Science Journal

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објавува повикот за доставување на трудови за шестиот број на списанието Student’s Social Science Journal, наменето за студентите запишани на прв, втор и трет циклус на студии. Списанието е од областа на правните, политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи.

Во списанието можат да се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, српски, бугарски, хрватски и италијански јазик. Списанието има меѓународен уредувачки одбор и е отворено и за странски студенти. Списанието се објавува два пати годишно, во јуни и во декември. Списанието може да се најде на http://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj.

Повеќе за повикот на следниот линк.