/ Прочитано:

1.110

Правниците поделени околу менталната состојба на „Џокерот“ од Колорадо

Вторник, 12 март 2013 – Одбраната на Џејмс Холмс, „Џокерот“ што инспириран од филмот „Бетмен“ со пушка умртви 12 лица, а повреди во 58 лица во масакрот што го предизвика лани, бара од судот да го прогласи за невин поради неговата ментална состојба. Правниот свет во Колорадо поделен околу казната која треба да му се досуди на Холмс поради масакрот во кино салата во Аурора што го шокираше светот. 

Правниот свет во Колорадо деновиве дебатира околу исходот на пресудата на Џејмс Холмс што лани вооружен влезе во кино сала и пукаше кон публиката додека траеше проекцијата на филмот „Бетмен“. Дилемата е дали тој е психички нестабилен и поради тоа не треба да биде осуден на смртна казна или е манипулатор кој го добро го организирал и подготвувал масакрот. 

Адвокатите во Коларадо поделени околу оваа проблематика. Едните објаснуваат дека начинот на кој е извршен масакрот, неговата маска како „Џокер“ е доволно за да се утври неговото лудило, но други пак велат дека тој од мај трошел илјадници долари за набавка на оружје со кое го планирал масакрот, па оттука станува збор за ладнокрвен убиец, а не лице на кое му треба лекарска помош. Обвинителството се уште не е децидно дали ќе бара смртна казна за Холмс, но неговата одбрана упорно тврди дека поради неговата ментална состојба тој не смее да биде осуден на смртна казна.

Во меѓувреме во интерес на судскиот исход, обвинителството веќе ангажира лекари кои преку терапија и испитување треба да го утврдат степенот на неговото лудило.

Џејмс Холмс е обвинет по 166 точки од обвинението за убиство и обид за убиство. Според полициската истрага, во кино салата каде публиката го гледала најновиот филм „Бетмен“, Холм влегол наоружан со експлозив, солзавец, со 4 видови на пушки и пиштоли и на себе носел панцир. Очевидците на немилиот настан раскажуваат како одеднаш се слушнале  рафални испукувања, а Холмс пукал кон публиката без да застане. За време на крвавиот масакр полицијата регистрирала 41 повик од кино салата кон полициските служби на бројот 911. Од сите нив се издвојува еден повик кој трае 27 секунди, а за тоа време се слушаат најмалку 30 истрели.

За време на неговото прелиминарно сослушување во јануари оваа година, полицијата направи целосна реконструкција на настанот, со цел јавноста да добие појасна слика за пеколните сцени во кино салата и лудото однесување на „Џокерот“.