Правно мислење на Хелсиншкиот комитет за бездржавјанството
„Државјанството ја претставува правната врска која едно лице ја има со одредена држава. Тоа е сложен правен и социо-политички концепт, сочинет од три компоненти: правен статус, права и обврски и национален идентитет. Државите го имаат суверенитетот да носат одлуки за начинот на кој ќе биде регулирана постапката за стекнување и губење на државјанството. Сепак, со меѓународното право се определуваат определени стандарди и ограничувања, особено во поглед на бездржавјанството и произволното лишување од државјанство. Пристапот до државјанство е важен предуслов за уживање на голем дел права и привилегии, како и развивање на чувство на идентитет и припадност. Покрај тоа што законските правила за стекнување и губење на државјанството се разнолики, во земјите членки на ЕУ постојат воспоставени правила според кои се регулира процесот на стекнување и губење на државјанство“, се вели во правното мислење, кое може да се преземе на следниот линк.
Неевидентираните лица де се евидентираат во матичната книга на родени
Ратификацијата на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството пред собраниските комисии
Законот за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството во собраниска процедура
Усвоена информацијата за пристапување кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанството
МЗМП: Ажуриран Индексот за бездржавјанство, со краток приказ на македонски јазик
Системски решенија за регистрација на лицата без документи
М.В
М.В