Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 91 став 3 од Законот за судовите и член 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија го усвои следното:
П Р А В Н О М И С Л Е Њ Е
Доверителот со недоставување на податоци за неговата трансакциона сметка, по барање на должникот по правосилноста на пресудата, а пред да настапи извршност на истата, која гласи на исполнување на парична обврска, го спречува исполнувањето со такво негово однесување, а со тоа паѓа во задоцнување согласно член 314 став 1 од Законот за облигационите односи, од кој момент престанува да тече камата согласно член 315 став 2 од истиот закон.
О б р а з л о ж е н и е
Одделот за судска практика при Врховниот суд на Република Северна Македонија со допис до Одделот за граѓански дела достави заклучок Одделот да расправа по барањето поднесено од НН, по правното прашање:
„Дали во ситуација кога должникот по правосилна пресуда, но пред да настапи извршност на истата по писмен пат се обратил до доверителот и од него побарал потребни податоци заради доброволно исполнување на обврската со која е задолжен, со недоставување на бараните податоци доверителот паднал во задоцнување, во смисла на одредбите од член 314 став 1 и член 315 став 1 и 2 од Законот за облигационите односи“
Заклучокот Одделот за судска практика го донел раководејќи се од неспорниот факт дека по истото правно прашање, постојат различни судски одлуки, односно при иста правна и фактичка состојба судовите постапуваат различно во примената на член 314 став 1 од Законот за облигационите односи… Целосниот текст на сентенцата.
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В