Правно мислење на Врховниот суд за екстрадиционен притвор и застареност на извршувањето на казната затвор
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 68 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ бр. 66/2013 и 114/2014), како и членовите 31, 32 и 33 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.14/2022 од 20 јануари 2022 година), на седницата одржана ден 16.02.2022 година, го усвои следното:
ПРАВНО МИСЛЕЊЕ
Денот кога обвинетиот ќе влезе во Казнено поправната установа за издржување на казна затвор, се смета за ден до кога тече рокот за застареност на извршувањето на казната затвор. Екстрадициониот притвор е мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот и времето поминато во екстрадиционен притвор се засметува во издржаната казна затвор и не може да се смета за ден кога започнува извршувањето на казната затвор.
О б р а з л о ж е н и е
Кривичниот оддел на Апелациониот суд Битола достави барање СУ.бр.03-22/22 од 21.01.2022 година до Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија во кое е поставено правно прашање: „Дали денот кога осуденото лице е ставено во екстрадиционен притвор во друга држава, а по претходно издадена меѓународна потерница од страна на македонски суд, се смета за ден кога започнува извршувањето на казната затвор на осуденото лице и од тој ден се утврдува дали настапила апсолутна застареност на извршувањето на казната затвор, согласно член 111 став 5 од Кривичниот законик. Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 31.01.2022 година, расправаше по поставеното правно прашање и констатира дека денот кога обвинетиот ќе влезе во Казнено поправната установа за издржување на казна затвор, се смета за ден до кога тече рокот за застареност на извршувањето на казната затвор.
Екстрадициониот притвор е мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот. Времето поминато во притвор/екстрадиционен притвор, како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело, се засметуваат во изречената казна затвор, согласно член 47 став 1 од Кривичниот законик и не може да се смета за ден кога започнува извршувањето на казната затвор. Имајќи го предвид наведеното, Врховниот суд на Република Северна Македонија смета дека е особено важно донесување на Правно мислење кое ќе помогне на пониските судови во примената на законските одредби од член 111 став 5 од Кривичниот законик, за да се оневозможи неусогласеност со примена на унифициран и посистематичен пристап при постапувањето.
Оддел за казниви дела
Заклучок на Врховниот суд за одржување расправа пред Апелациониот суд во прекршочна постапка
Правно мислење на Врховниот суд за начин на стекнување на сопственост врз моторно возило
Надлежен орган да одлучува за гаранција истакната во жалба по притвор – заклучок на Врховниот суд
Службена белешка не е доказ во постапка пред судот
Заклучок на Врховниот суд за определување на трошоци во кривична постапка
Заклучок на Врховниот суд во врска со казнивост за обид на кривично дело „Тешка кражба“
Сентенца на Врховниот суд за еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка
Заклучок на Вишиот управен суд за примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците
Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд
Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор
Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет
Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“
Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В