/ Прочитано:

4.699

Правно мислење на Врховниот суд за прекинување на постапка за извршување кога странка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд усвои и објави правно мислење за Прекинување на постапка за извршување кога странка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка.

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Кога странка во извршна постапка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка, извршителот треба да го одбие предлогот за извршување, а постапките за извршување што се во тек во времето на отварање на стечајната постапка, се прекинуват (член 146 став 3).

О б р а з л о ж е н и е

Адвокатот НН поднесе барање со цел воедначување на судската практика, при тоа посочува две различни одлуки и тоа од Апелационен суд Штип и Апелационен суд Скопје.

  1. Дали по отварање на стечајната постапка над должникот, односно по настанувањето на правните последици од отварање на стечајна постапка, одделни доверители на должникот можат против должникот да бараат извршување на делови од имотот што влегува во стечајна маса, или на друг имот на должникот.
  2. Дали во случај кога странката во извршна постапка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка, извршителот треба да го одбие предлогот за извршување што е поднесен по отварањето на стечајот или може да постапува по истиот, и дали извршувањата што се во тек во времето на отварање на стечајната постапка се прекинуваат.

Од увидот во приложените одлуки може да се констатира дека и во двата предмети извршните исправи се настанати по отварањето на стечајната постапка како и тоа дека Апелациониот суд во Штип носи одлука со која го одбива приговорот и го дозволува извршувањето, а Апелациониот суд во Скопје го усвојува приговорот, утврдува дека се сторени повреди при извршувањето и налогот за извршување го става вон сила.

Согласно член 2 став 1 точка 10 односно точка 64 од Законот за стечај, стечаен доверител е физичко или правно лице кое по било која основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало пред отпочнување на стечајната постапка. Согласно член 144 од Законот за сечај, стечајните доверители можат да ги остваруваат своите побарувања спрема должникот само во стечајната постапка.

Согласно член 3 од истиот закон, стечајната постапка има за цел колективно намирување на доверителите на стечајниот должник. Согласно член 146 став 1 од Законот за стечај, по отварањето на стечајната постапка одделните стечајни доверители не можат против должникот да бараат обезбедување на побарувањата или извршување на делови од имотот во стечајната маса, ниту на друг имот на должникот.

Од понапред наведеното произлегува дека со отварањето на стечајната постапка, не е дозволено спроведување на поединечни извршувања. Ваквата забрана има за цел да се оневозможи некој стечаен доверител да се стекне со повластено право за намирување на своето побарување, во однос на другите доверители, од имотот на должникот. Впрочем и целта на стечајната постапка е да се овозможи колективно намирување на сите доверители.

Имајки го во предвид понапред изнесеното известителот е на мислење дека, Кога странка во извршна постапка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка, извршителот треба да го одбие предлогот за извршување, а постапките за извршување што се во тек во времето на отварање на стечајната постапка, се прекинуват (член 146 став 3).

Врховен суд на Република Северна Македонија Оддел за граѓански дела

Сентенца на Врховниот суд за повторно вештачење за проценка на веродостојноста на исказот на оштетеното дете

Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка

Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител

НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Ограничување на правата од колективен договор ако за време на важењето на колективниот договор се донесе закон

Врховниот суд за прописите укинати од Уставниот суд: Судска одлука не може да се заснова на пропис кој не постои во правниот поредок

Врховниот суд со сентенци за правниот интерес за утврдување вистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност

Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда

Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата

Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа

Правно мислење на Врховниот суд за амнестијата на правосилно осудени лица за кои претходно била издадена потерница

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Застареност на побарувањето на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во стечајна постапка

Правно мислење на Врховниот суд за возачот почетник во случаите кога го управува возилото спротивно на пропишаните услови

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Изјава на обвинет за откажување на некое од правата од член 206 став 1 од ЗКП

Правно мислење на Врховниот Суд: Јавниот обвинител има обврска да даде мислење по барањата за укинување или замена на мерката притвор

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В