/ Прочитано:

2.717

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Право на регрес за штета предизвикана од неосигурано моторно возило

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по заклучокот на граѓанските оддели на четирите Апелациони судови во Република Северна Македонија, за расправање по правното прашање кој е активно легитимиран да поднесе тужба за регресен долг од неосигурано возило, на седницата одржана на ден 30.05.2022 година, согласно член 33 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, усвои ПРАВНО МИСЛЕЊЕ дека право на регрес во висина на исплатената штета причинета од неосигурано моторно возило има само Националното Биро за осигурување.

Целосниот текст на правното мислење може да го видите тука.