/ Прочитано:

1.241

Правосудна делегација на Македонија во работна посета на правосудни институции во Република Турција    

Македонската делегација го посети Високиот совет за судии и обвинители на Република Турција каде што оствари средба со претставници на Советот. Правосудните претставници на Македонија имаа средби и со претседателот на Судот за спорови од судска надлежност и со член на Уставниот суд на Турција, како и со високи претставници на Касациониот суд во Анкара, Министерството за правда на Република Турција и со повеќе јавни обвинители.

академија

Запознавањето со правосудниот систем на Република Турција беше во фокусот на  работната посета на Турција од страна на македонска правосудна делегација, предводена од директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска.  Реализацијата на посетата беше дел од активностите содржани во Договорот за соработка, кој го потпишаа првите луѓе на двете академии, а сè со цел интегриран настап во области од заеднички интерес за унапредување на ефикасноста и ефективноста на правосудните системи на двете земји.

Македонската делегација го посети Високиот совет за судии и обвинители на Република Турција каде што оствари средба со претставници на Советот. Правосудните претставници на Македонија имаа средби и со претседателот на Судот за спорови од судска надлежност и со член на Уставниот суд на Турција, како и со високи претставници на Касациониот суд во Анкара, Министерството за правда на Република Турција и со повеќе јавни обвинители.

При посетата беше нагласена важната улога на Академијата „Павел Шатев“ во унапредувањето на односите помеѓу двете правосудства, особено професионалните односи помеѓу двете академии како институции клучни за јакнење на независноста, ефикасноста и стручноста на судиите и обвинителите.

За време на посетата директорите на двете академии разменија искуства во однос на идните проекти насочени кон унапредување на квалитетот на обуката, а особено за актуелната тема посветена на унапредување и оцена на ефикасноста на  обуката и степенот на применетите знаења стекнати во текот на обуките.

Воедно, претставниците на највисоките правосудни институции од Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, претседателите на судовите, јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Македонија, кои беа дел од делегацијата, во разговор со своите колеги ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката во рамките на нивните надлежности.

А. Б.